03/10/2023
10.10.13
10.10.23
Почитувани,
Шарла Рекордс официјално започна со работа на 10.10.2013 година, кога на слушачка промоција во Ла Кања го претставивме ЕР изданието на Пиколомини - Деца во длабоко. На истиот ден, десет години подоцна, ќе застанеме пред вас и ќе наздравиме за ова наше издавачко патешествие. Како сведоштво приложуваме книга која ги опишува искуствата од првото шарлино десетлетие околу Земјата, страни што се полнеа низ музичките хоризонти по кои ја водеа нејзините протагонисти-музичари. Ја нарековме ,,Љубовните писма на Шарла'', оти музиката, а со тоа и секое писание поврзано или инспирирано од неа - е љубов. Ако така рекол Густав Малер, кои сме ние да спориме. Напротив, по десет години раѓање и живеење музика, нејзино растење и проследување до светот и векот, можеме само емпириски да ја потврдиме изјавата на овој велик маестро. Музиката - е љубов.
Оваа книга излегува како независна издавачка акција на книжевниот издавач АШ (наш брат по оружје), без никаква материјална поддршка од државни институции или било какви спонзори. Поддршка и љубов нудиме (и посакуваме) само од нашата публика. Затоа, со необична радост ви закажуваме средба со ,,писмата'' на Шарла во дворот на Буква во вторник на 10.10.2023. Наскоро и фб настан со повеќе детали..