„Додека спиеш“ од Валентина Бактијаревиќ
„Додека спиеш“ од Валентина Бактијаревиќ
Краток поетски филм според стихови на поетесата Биљана Стојановска од книгата „Додека спиеш“
Авторка на филмот е српската актерка и поетеса Валентина Бактијаревиќ. Главна актерка е српската уметница Сузана Вуловиќ, која живее и работи во Лондон, стиховите ги интерпретира Ѓоко Здравески, а музиката е на Владимир Лукаш.
Живко Грозданоски, награда за најдобар текст за книгата „Белите глувчиња - Страшната наезда на зелените вошки - Црните овци” на Литера 2024
Доделување на Литера наградите за 2024: Живко Грозданоски, добитник на признанието за најдобар текст за книгата „Белите глувчиња - Страшната наезда на зелените вошки - Црните овци”
Куќа без огледала
Куќата на старата тетка на Тумасина, Хенриета, како да е создадена за играње криенка. Полна е со спирални скали, со скриени катчиња и празни простории, но нема ниту едно единствено огледало. Хенриета е стара и болна, па во куќата се собрани сите нејзини роднини кои очекуваат дека ќе се најдат во нејзиниот тестамент. Додека возрасните се препираат околу наследството, Тумасина ги минува деновите со малечката и молчалива Сигне, со немирниот Ерланд и повлечената Вилма. Еден ден Сигне пронаоѓа таинствена осмоаголна просторија преполна со огледала, а во неа – скриен свет. Зошто Хенриета ги тргнала сите огледала од куќата? Како да се објаснат промените кај сите што ќе влезат во скриената просторија? И кое е мистериозното девојче кое е заслужно за тие промени?
📖🪞
Романот „Куќа без огледала“ на Мортен Санден е трогателна приказна за љубовта, болката, растењето и созревањето, проткаена со загадочна атмосфера од која одвреме-навреме ќе ве полазуваат морници. Мрежата од необјаснети, на прв поглед застрашувачки искуства низ кои ќе поминат јунаците на овој роман сосема ќе ги трансформира, а
„Овде, во близина, живее едно девојче“ - најава за книгата
„Овде, во близина, живее едно девојче“ - сликовница со текст на Ида Млакар Чрнич, илустрации на Петер Шкерл, превод од словенечки јазик на Дарко Спасов, во издание на Чудна шума (2023).
Овде, во близина, живее едно девојче кое никој не го познава. Никој не ја кани на гости. Нема пријатели. Дури ни своја соба нема. Исто како и ти, и таа сака близина. Во исто училиште одите. Седи до тебе. Во соседната клупа. Сакаш да ја запознаеш? Во себе чува чудесно богатство… Својата ѕуница. Текстот на Ида Млакар Чрнич е краток, но има разорна моќ. Допира длабоко и ги урива ѕидовите на предрасудите и омразата.
- Кажи „YES“ за добра книга -
Книгата е дел од проектот „Млади европски приказни“ (Young European Stories - YES) ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија.
#младиевропскиприказни #youngeuropeanstories #sayyestoagoodbook #кажиyesзадобракнига #creativeeurope4books #cofundedbytheeuropeanunion #yesbooks #translatorsonthecover
Чудна шума АРТ принт студиото во рамки на кафе-книжарница и галерија Чудна шума беше активно и продуктивно во текот на целото лето.Четири изложби на наши реномирани фотографи беа печатени на Digital FineArt хартиите на познатиот германски бренд Hahnemühle, кој постои на пазарот уште од 1584 година.Две од изложбите беа и целосно испечатени во нашето принт студио – изложбата на фотографии на Ристо Костовски „Попатни одблесоци“ во Галерија МКЦ и изложбата на фотографии „Над кулисите“ на Александар Томовски во предворјето на црквата „Света Софија“ во Охрид (во рамки на Охридско лето), како и еден дел од изложбата на фотографии на Катја Штркова „Плажарење“ (КИЦ – Скопје). Изложбата на фотографии на Сашо Димоски „Станица Скопје 63“ (КИЦ – Скопје) беше печатена на Hahnemühle Digital FineArt хартија. Хартиите кои беа користени за овие изложби се: Photo Rag® 308 gsm, 100% Cotton, Photo Rag® Bright White, 310 gsm, 100% Cotton, Photo Matt Fibre 200, 200 gsm, 100% α-Cellulose и Photo Luster 260, 260 gsm, PE-paper. #Hahnemühle #PhotoRag #PhotoMattFibre #PhotoLuster #ЧуднаШума #ЧуднаШумаАрт #ЧуднаШумаПринт
Ни беше голема чест првите отпечатени фотографии во нашето новоотворено студио, ЧУДНА ШУМА АРТ - oфицијален партнер на Hahnemühle, да бидат токму на нашиот Мајстор на уметничката фотографија Владимир Арсовски.
Печатевме фотографии од неговата нова серија пејзажи од Норвешка а и дел од познатите „чамци“ од колекцијата „Моменти“.
Фотографиите ги работевме на Hahnemühle Photo Rag® 308gsm - 100% cotton и Hahnemühle Photo Rag® Baryta 315gsm - 100% cotton, две врвни хартии во класата на архивски - Fine Art материјали, стандарди во светската галериска фотографија.
Врз фотографиите е нанесен заштитен слој со Hahnemühle Protective Spray, кој дополнително ја заштитува хартијата од UV зрачење, прашина, вода, отпечатоци од прсти и ја зголемува долговечноста на материјалот.
Овие и многу други врвни фотографски материјали од "Fine Art" класата и "Everyday-use” класата на производителот Hahnemühle, отсега се достапни и во Македонија, во ЧУДНА ШУМА АРТ - oфицијален партнер на Hahnemühle
Процесот на печатење го вршевме според високите стандарди на Hahnemühle. Пигментни мастила и наменски направени колор профили за нашите плотери (за секој тип на хартија), во фабриката на Hahne
Онлајн промоција на „Прирачник за проучување на природата“ од Кирил Арсовски - Пржо