Sigmapress Publisher

Sigmapress Publisher Sigmapress Publishing House is one of the first independent publishing houses in Macedonia.
(4)

Сигмапрес е една од првите независни издавачки куќи во Република Македонија, формирана во 1993 година. Оттогаш па до денес, следи конзистентна издавачка политика која е во насока на публикување на важни едиции од областа на хуманистиката. Во своето досегашно издавачко проседе има објавено преводи на значајни автори од европската книжевност, како и дела од областа на феминистичката теорија, филозоф

ијта, класичните студии и политичката филозофија. Дополнително, Сигмапрес долги години ги поддржува сите творечки облици на жени авторки, особено во доменот на убавата книжевност, но и во доменот на книжевната теорија и културолошките студии

23/04/2024
22/04/2024
Сите на саем!
20/04/2024

Сите на саем!

„Антисемитизмот и холокаустот“ е првичен обид на авторката да создаде општа слика за динамиките во развојот на антисемит...
20/01/2024

„Антисемитизмот и холокаустот“ е првичен обид на авторката да создаде општа слика за динамиките во развојот на антисемитизмот низ вековите и нековата кулминација во холокаустот. Воедно, книгата претставува и обид да се исцртаат контурите на широкиот опсег на човековото дејствување, вклучително и на неговиот капацитет да пружи отпор кон неоснованото насилство и екстремното зло.
По „Европската книжевност на холокаустот“, оваа е втора книга на авторката што ги опфаќа овие теми, но прва наменета за помладата читателска публика затоа што, пред сè, има за цел да поттикне прашања и да отвори простор за понатамошни продлабочени рефлексии за овие исклучително комплексни феномени.

Во Или-или, Антолог и Полица 🍀

„...Она што отскокнува од вообичаеното е нејзиниот увид во тоа како овие текстови можат да го расветлат нашето разбирање...
04/01/2024

„...Она што отскокнува од вообичаеното е нејзиниот увид во тоа како овие текстови можат да го расветлат нашето разбирање за средновековното и раномодерното пишување историја; нејзиниот коментар во врска со промената од империјална есхатолошка рамка кон еклсезијастичка, како и нејзиниот скептицизам за статусот на автобиографските „факти“ во различните форми на личните наративи. Така, нејзината книга нуди алтернативно толкување на досегашните, честопати националистички читања на овие извори (...)“

Венди Брејсвел, професор емеритус на Лондонскиот универзитетски колеџ

Во Или или, Антолог и Полица🍀

„(...) За првпат во еден избор од поезијата на Шопов, публиката ќе може да ги прочита и зборовите испишани со острото, н...
28/12/2023

„(...) За првпат во еден избор од поезијата на Шопов, публиката ќе може да ги прочита и зборовите испишани со острото, но суптилно перо на оној што многумина го знаат само како „нежен лиричар“, за првпат нема да наиде на песни подредени хронолошки, во поглавја со добро познати наслови како „Во тишина“, „Небиднина“, „Гледач во пепелта“... Сто години по раѓањето на авторот, времето во оваа книга се мери со аршините на поезијата, не на хронологијата (...)“

Во Или-или и Антолог 🍀

Ацо Шопов на штандот на Сигмапрес 🍀
07/05/2023

Ацо Шопов на штандот на Сигмапрес 🍀

Италијански автор(к)и на штандот на Сигмапрес🍀🍀🍀
04/05/2023

Италијански автор(к)и на штандот на Сигмапрес🍀🍀🍀

17/03/2023

Денес во Амстердам почина Дубравка Угрешиќ, без сомнение една од најважните, најинвентивни, книжевно храбри, интелектуално непоткупливи и брилјантни авторки во ев...

Најновите изданија на Сигмапрес! „Животно во женски пол“ на Емануела Канепа, добитничка на наградата Калвино во превод н...
02/02/2023

Најновите изданија на Сигмапрес!
„Животно во женски пол“ на Емануела Канепа, добитничка на наградата Калвино во превод на Катерина Миленова-Захариев и

„Доволно е да заврши денов“ на Антонела Латанци, во превод на Искра Димковска
Изданијата можат да се најдат во Или-или, Полица и Антолог☘

Најновите изданија на Сигмапрес може да ги најдете во Антолог и Или-или
18/09/2022

Најновите изданија на Сигмапрес може да ги најдете во Антолог и Или-или

Првата книга на младиот автор Влатко Талевски под наслов „Моќ, опресија и опор - тоталитаризмот низ призмата на дистопис...
05/02/2022

Првата книга на младиот автор Влатко Талевски под наслов „Моќ, опресија и опор - тоталитаризмот низ призмата на дистопискиот книжевен жанр“, претставува современо дело во кое тој дава интерпретација на стратегиите на претставување на моќта во книжевните дела „Илјада деветстотини осумдесет и четврта“ од Џорџ Орвел, „Приказната на робинката“ од Маргарет Атвуд и „Убав нов свет“ од Олдос Хаксли.

„Моќта на нарацијата и бруталноста на политичкото“ е последната од низата исклучителни студии на проф. Славица Србиновск...
01/02/2022

„Моќта на нарацијата и бруталноста на политичкото“ е последната од низата исклучителни студии на проф. Славица Србиновска, во која се анализираат современите форми на постоење на културните феномени. Ги проблематизира интермедијалните односи и интердисциплинарните пристапи како клучна димензија во рамките на современата хуманистика (...) Оваа книга е особено значајна во македонскиот културен контекст бидејќи успева да ги развие современите теми низ призмата на визуелната и вербалната нарација како доминантна одлика на времето во кое живееме, потпирајќи се на широк спектар авторски проседеа, од Милчо Манчевски до Олга Токарчук.

28/01/2022

Следниве изданија на Сигмапрес отсега и во книжарницата Полица! ☘

Женски интернат во Швајцарија, во Апенцел. Атмосфера на идила и на прокоба. Доаѓа нова девојка: убава е, строга, совршен...
23/01/2022

Женски интернат во Швајцарија, во Апенцел. Атмосфера на идила и на прокоба. Доаѓа нова девојка: убава е, строга, совршена, се чини дека веќе проживеала сè. Протагонистката – и таа штитеничка во интернатот – се чувствува привлечена од оваа појава, зад која се наѕира нешто тивко и ужасно. И, ужасот, малку по малку се открива: тој е ничија земја меѓу совршенството и лудилото. Во кристалниот и напнат стил, во острината на перото, во интензитетот на оваа приказна, одекнува тајна нишка скриена во имагинарниот интернат во кој сите сме се нашле. И ни остава необично чувство сочинето од привлечност, збунетост и страв, небаре во средиштето на добро негувана градина гледаме како се отвора бездна.

Превод од италијански: Ирина Талевска

Во ИЛИ-ИЛИ и АНТОЛОГ!!!☘

02/09/2021

Од денес, изданијата на Сигмапрес и во кафе-книжарница БУКВА https://www.facebook.com/bukva.bookva

Кафе-книжарница во центарот на Скопје, со внимателно и?

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Sigmapress Publisher posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Sigmapress Publisher:

Videos

Share

Category



You may also like