Creative Voice

Creative Voice We are Creative Voice. A media that will try to make a society better place for living.

Животот во Македонија е борба, дури и за здив.Ако некој мисли дека претеруваме, нека ги праша оние кои се борат со пулмо...
31/07/2023

Животот во Македонија е борба, дури и за здив.
Ако некој мисли дека претеруваме, нека ги праша оние кои се борат со пулмоналната хипертензија и нивните најблиски кои прават натчовечки напори што подолго да ги имаат крај себе. Пулмоналната хипертензија е ретка, но животозагрозувачка болест - особено ако не се земаат потребните лекови.
Сепак, се чини дека во добар дел од случаите нивното обезбедување знае да биде вистинска финансиска голгота. Како овие пациенти да си го продолжат животот во земја која е помеѓу најсиромашните на континентот, а борбата е буквално следниот здив да не биде - последен...?
Сторија на Nikola Zdravković за Creative Voice.

До последен здив. Метафора и фраза која низ животот ја користиме неброено многу пати. Но додека се расфрламе со неа и кога треба и кога не треба, се чини ниту на секун...

Живееме во свет кој се бори со огромни еколошки предизвици, и во време кога поговорката „биди промената која сакаш да ја...
24/07/2023

Живееме во свет кој се бори со огромни еколошки предизвици, и во време кога поговорката „биди промената која сакаш да ја видиш“ никогаш не била порелевантна.

Среде секојдневните глобалните повици за колективна акција против климатските промени, често поединците се оние кои стануваат светилници на надежта, и предводници за одржлива иднина.

Еден таков инспиративен пример потекнува токму Македонија, каде што напорите на поединците стануваат движечка сила во битката против климатските промени. Повеќе за ова во најновата сторија на Bojan Stojkovski.

Живееме во свет кој се бори со огромни еколошки предизвици, и во време кога поговорката „биди промената која сакаш да ја видиш“ никогаш не била порелевантна. Среде...

Кративното изразување и слобода секогаш го извлекуваат максимумот од поединецот. Создавањето колективна свест и одговорн...
04/07/2023

Кративното изразување и слобода секогаш го извлекуваат максимумот од поединецот. Создавањето колективна свест и одговорност го прават општеството поубаво, а животот полесен.
А за комплетен да биде рецептот за успешност, ,,Порака Неготино" додаваат и големи количества на љубов.
За ,,Порака Неготино", за една силна порака... во новата сторија на Riste Karatanovski за Creative Voice.

Некаде имам прочитано дека уметноста е храброст. Размислувајќи на оваа тема, стотици прашања се отвараа. До каде може да оди таа уметност, таа храброст? А што се спаѓ...

Одговорните граѓани се основата на секоја функционирачка демократија. Нивните постапки и активности често се и пример за...
28/06/2023

Одговорните граѓани се основата на секоја функционирачка демократија. Нивните постапки и активности често се и пример за останатите граѓани и истовремено тие се тука да ги повикаат властите и институциите на одговорност.

Сепак, кога се работи за Македонија, постапките на одговорните граѓани често го имаат спротивниот ефект - а еден ваков случај е токму во фокусот на новата сторија на Bojan Stojkovski.

Одговорните граѓани се основата на секоја функционирачка демократија. Нивните постапки и активности често се и пример за останатите граѓани и истовремено тие се т...

Ако малите места се вистинските дијаманти на една земја, Македонија е вистинска јувелирница. Сепак, за нејзините убавини...
08/06/2023

Ако малите места се вистинските дијаманти на една земја, Македонија е вистинска јувелирница. Сепак, за нејзините убавини и потенцијали, се чини, свесни се сите освен оние кои треба за тие дијаманти да се грижат.
Македонски Брод е еден од украсите на Македонија, земјата која дозволи неговото овогодинешно матурско табло да брои 11 матуранти. И додека политичките големци се зафатени со работи кои веројатно веќе и самите не знаат да ги опишат, ова гратче одбива да му се предаде на зачмаеното секојдневие - во него се' уште ќе најдете луѓе кои јуначки испраќаат порака дека животот во малите средини, не смее да згасне.
Како Македонски Брод ја води битката во име на сите помали градови, во сторијата на Nikola Zdravković.

„Малите места се вистинскиот дијамант на една земја“, ќе рече во една прилика непознат патеписец. Колкава мудрост и вистина кријат овие неколку зборови, доволно г....

Брзиот живот и раздвиженоста низ скопските улици е нормална појава за повеќето од нас кои живееме и работиме во главниот...
30/05/2023

Брзиот живот и раздвиженоста низ скопските улици е нормална појава за повеќето од нас кои живееме и работиме во главниот град на Македонија. Но овие улици во себе истовремено кријат и уште еден свет, кој свесно или несвесно останува невидлив за граѓаните - а тоа е светот на бездомниците.

Во овој скриен свет и на овие улици живеат поединци чии приказни се разновидни како и самиот град, а заедничката работа којашто ги поврзува сите нивни приказни е бездомништвото.

Повеќе за ова во најновата сторија на Bojan Stojkovski за Creative Voice, од сведоштвата на оние кои биле на улица и успеале да се извадат од безнадежноста на една ваква ситуација.

Брзиот живот и раздвиженоста низ скопските улици е нормална појава за повеќето од нас кои живееме и работиме во главниот град на Македонија. Но овие улици во себе и....

Има ли поголеми мисии на светот од онаа да кренеш на нозе и воспиташ дете, и онаа некому да ставиш леб на трпезата? И де...
26/05/2023

Има ли поголеми мисии на светот од онаа да кренеш на нозе и воспиташ дете, и онаа некому да ставиш леб на трпезата? И детето и житото или плодот, да ги растеш од зрно. Секоја од двете мисии посебно тешка, посебно барајќи посветување.
Замислете тогаш како е истовремено да сте им посветени на двете.
Македонските земјоделки се жени кои храбро и бескомпромисно ги водат двете борби - а што правиме ние како систем за нив? Платеното породилно отсуство е само еден од начините да им олесниме и да покажеме дека се грижиме.
Програма првпат по три децении постои, но таа не е конечно решение...
На кој начин треба да се реши еднаш засекогаш овој стремеж, во новата сторија на Nikola Zdravković.

МАЈКА и ЗЕМЈА. Мајка која дарува живот, мајка која знае да гладува за детето да има да јаде, мајка која раат нема ако не кренеме слушалка по второто ѕвонење… Земја од...

Со гордост може да се пофалиме!Прва награда во витрините на Creative Voice!Сторијата на Riste Karatanovski, ,,Една слика...
21/05/2023

Со гордост може да се пофалиме!
Прва награда во витрините на Creative Voice!
Сторијата на Riste Karatanovski,
,,Една слика - илјада зборови! ,,Еден" знак - цела галаксија!" е добитник на наградата ,,Гласник на невидливите" доделена од ,,Македонска платформа против сиромаштијата" која се доделува еднаш годишно.
Нека ни се множат!

Се појавивме на медиумскиот простор за да бидеме сетилата и штитот на обесправените, а нашата мисија по помалку од една година е препознаена и преку награда. Нашиот...

За еднакви можности за сите деца, за нивната едукација, патувања, збогатување на духот, социјализација и за отворени вид...
17/05/2023

За еднакви можности за сите деца, за нивната едукација, патувања, збогатување на духот, социјализација и за отворени видици...
Новата сторија на Riste Karatanovski...

Секое патување, па и она кон бесконечноста… започнува со првиот чекор. А секое патување е токму тој огромен чекор кон едукацијата, кон искуствата, кон спомените. Со ...

Каква е голготата низ која што поминуваат жртвите на семејно насилство во Македонија, и каква е улогата на државните инс...
21/04/2023

Каква е голготата низ која што поминуваат жртвите на семејно насилство во Македонија, и каква е улогата на државните институции во овој процес? Што прави системот за да ги заштити овие жртви, и зошто сето тоа е далеку од доволно за тие да ja добијат правдата која ја заслужуваат?

Дознајте повеќе во најновата сторија на Bojan Stojkovski, преку личната приказна на една 25-годишна девојка и нејзиното трауматично животно искуство.

Животот на нашата хероина во оваа сторија само до пред неколку години изгледал како бајка. Бракот со љубовта на својот живот и станувањето мајка беа само дел од рад....

Не, овој наслов воопшто не е преувеличен.Овој наслов, и сторијата која се крие зад него, се инспирирани од современиот м...
06/04/2023

Не, овој наслов воопшто не е преувеличен.
Овој наслов, и сторијата која се крие зад него, се инспирирани од современиот македонски апсурд - луѓе да умираат од глад среде почвата која светот ја знае како една од најплодните.
Илјадници тони храна годишно фрламе, илјадници сограѓани живеат под работ на сиромаштијата и оброците ги имаат само во сеќавањата. Како една држава која се декларира како социјална, може да си го дозволи овој феномен?
Хуманитарци кои можат и сакаат да помогнат имаме, храна исто така... но имаме ли како држава волја и начин да ги нахраниме гладните?
Со организациите кои се борат против гладот разговараше Nikola Zdravković .

Кога во Македонија би почнало снимањето на серијал „Македонски апсурдни приказни“, во кој секоја епизода би обработувала некоја апсурдна појава од нашето општес....

Кога се борите против страшно зло и кога тоа зло има секогаш различно лице... И кога вашата борба мора да биде на највис...
26/03/2023

Кога се борите против страшно зло и кога тоа зло има секогаш различно лице... И кога вашата борба мора да биде на највисоко ниво...
И кога се што барате е опшетството да ве разбере...
Во новата сторија на Riste Karatanovski, за борбата против мултиплекс склерозата и секојдневниот живот со ова зло...

Секоја планина има своја тежина. Нема споредби. Но, кога проблемот е мистерија, нејаснотија и не може да се дефинира од каде и како потекнува… тогаш проблемот има по...

Негативните последици од неуспешноста на властите да се справат со лажните дојави за бомби и да ги пронајдат оние кои се...
12/03/2023

Негативните последици од неуспешноста на властите да се справат со лажните дојави за бомби и да ги пронајдат оние кои се одговорни влијаат врз сите во образовниот процесот - учениците, наставниците и родителите.

Како резултат на ова дојавите стануваат секојдневност, а образовниот систем во Македонија заложник на истите. Повеќе за ова во најновата сторија на Bojan Stojkovski за Creative Voice.

Почетокот на септември минатата годината беше еден од најубавите периоди за Срна, која со нетрпение ја очекаше својата прва година како средношколка. Првиот учили....

Новинарство - професија, мисија, детективска работа. Денови и стории полни ризици, некогаш тешко подносливи и за мажите ...
03/03/2023

Новинарство - професија, мисија, детективска работа. Денови и стории полни ризици, некогаш тешко подносливи и за мажите кои во народот словат за посилен пол.
Што тогаш да кажат нашите колешки? Оспорувани, потценувани, неретко дискриминирани, а оние кои треба да ги заштитат (нај)често спијат.
Како минуваат низ сите работни предизвици нашите млади колешки, на Nikola Zdravković му раскажаа Вања Мицевска, Теодора Цветковска и Славица Филиповска.

„Сакам новинарки кои лесно клекнуваат“, и’ порача во декември 2015 на наша српска колешка тогашниот министер за одбрана на Србија Братислав Гашиќ, и ги остави сиром...

За човекот-херој, но пред се за човекот-ЧОВЕК...За човекот за чија што добрина и хуманост само небото се граница.Но и за...
26/02/2023

За човекот-херој, но пред се за човекот-ЧОВЕК...
За човекот за чија што добрина и хуманост само небото се граница.
Но и за Ирман, девојчето од Караманмараш кое по 7 дена поминати под урнатините беше пронајдено живо...
Детално, емотивно сведоштво од прва рака на директниот учесник како волонтер, на Надир Мурсели... во новата сторија на Riste Karatanovski

Големиот Буковски ќе рече „Почнувате да го спасувате светот, спасувајќи еден човечки живот. Се останато е грандиозен романтизам или политика“. А јас би си дозволи....

Професијата социјален работник за Моника Чекаловиќ отсекогаш значела да се биде двигател кон промени, како и предводник ...
22/02/2023

Професијата социјален работник за Моника Чекаловиќ отсекогаш значела да се биде двигател кон промени, како и предводник во борбата за подобри општествени вредности. Па така, уште по завршувањето на факултетот Моника ја започнува оваа своја мисија и преку делувањето во разните домени на социјална неправда се обидува да ги оствари овие цели.

И покрај тоа што на дневна основа се справуваат со многу вакви тешки и безизлезни случаи, работа на социјалните работници во јавноста често се занемарува. Што само по себе не носи и до следното прашање - како се третирани самите социјални работници од системот во кој делуваат?

Повеќе за ова во најновата сторија на Bojan Stojkovski за Creative Voice.

Професијата социјален работник за Моника Чекаловиќ отсекогаш значела да се биде двигател кон промени, како и предводник во борбата за подобри општествени вреднос....

Колкава е тежината на празно ветување и молк, и мора ли нечиј живот да згасне за оние кои можат и треба да ви помогнат -...
12/02/2023

Колкава е тежината на празно ветување и молк, и мора ли нечиј живот да згасне за оние кои можат и треба да ви помогнат - да ве сфатат сериозно?
Пациентите со цистична фиброза со години минуваа(т) низ голгота по бирократските лавиринти - државата се заложи да им помогне дури откако за навек го испратија својот соборец Благојче Илиевски.
Ова се луѓе со потреби, желби и планови како секој од нас. Сфатија ли конечно надлежните дека нивното исполнување, зависи од нив? Дојде ли крајот за празните зборови?
Сторија на Nikola Zdravković, кој разговараше со самите „паталци“.

4 февруари. Дотерани до „ивицата“, оставени на маргините на здравствениот систем и со глас кој се губи низ бирократските ходници додека излегува од нивните кревки ...

Заедничка емоција кај сите деца, веројатно е моментот кога го добиваат на подарок првиот велосипед. Чувството дека Жил В...
29/01/2023

Заедничка емоција кај сите деца, веројатно е моментот кога го добиваат на подарок првиот велосипед. Чувството дека Жил Верн претерал со оние 80 дена за пат околу светот, дека ние со нашиот велосипед можеме подобро, побрзо.

Данска не е сиромашна земја. Статистички, Данците се најсреќни луѓе во светот. Во Данска најупотребувано урбано превозно средство е велосипедот.

Да го примениме нивниот рецепт!

За оваа убава иницијатива, за повеќе мотивација (доколку ви треба), прочитајте во новата сторија на Riste Karatanovski.

Навраќајки се во детството, во оние најрани години, иако како некои бледи слики, сепак цврсто се врежани во нашите сеќавања преубавите моменти кои биле со огромно з....

Што е она ги обесхрабрува младите да останат во Македонија и преку модерните професии да продолжат да придонесуваат за г...
18/01/2023

Што е она ги обесхрабрува младите да останат во Македонија и преку модерните професии да продолжат да придонесуваат за градењето на една побогата економија?

Cамо во последните две деценции земјата ја напуштиле повеќе од 150 илјади млади лица и тендециите укажуваат на тоа дека оваа бројка постојано расте.

Во најновата сторија на Bojan Stojkovski, тројцата млади охриѓани Александар, Климент и Дарко ја раскажуваат нивната перспектива, соништа, и очекувања за сопствената иднина во земјата или пак надвор од нејзе, особено кога станува збор за развојот на ИТ секторот и професиите кон кои тие целат.

„Иднината останува на младите“, ќе чуеме честопати… Но кога станува збор за младите во Македонија, колку тие самите ја гледаат својата иднина во татковината? Алек...

21 век - време во кое зборот се шири и ,,впива" побрзо од кога и да е, и време во кое лесно се влијае врз оние кои читаа...
12/01/2023

21 век - време во кое зборот се шири и ,,впива" побрзо од кога и да е, и време во кое лесно се влијае врз оние кои читаат.
Македонија не е исклучок, па и кај нас свое ,,плодно тло" најдоа т.н. инфлуенсери.
Што пишуваат, што објавуваат? На кои начини се обидуваат да направат промена, и најважно - колку внимаваат на етиката и колку се свесни за одговорноста која ја имаат бидејќи имаат илјадници ,,следбеници"? Му ,,должат" ли нешто на општеството?
Сторија на Nikola Zdravković, кој разговараше со Божидар Божиновски - Моџо Килингтон, Цеце Николова и Кристијан Станковски - Бомбакис.

Ако во кафеана постои песна која слови за најскапа, денес во општеството имаме и таков збор – придавка, опис, епитет… ништо од наведените не е погрешно, но не е погр....

Онака, искрено, од срце, новогодишно... Онака како што Сузе ја имаше својата желба да може да ги направи луѓето околу се...
30/12/2022

Онака, искрено, од срце, новогодишно... Онака како што Сузе ја имаше својата желба да може да ги направи луѓето околу себе посреќни...
Прочитајте ја новата сторија за животната приказна на Сузана Стојановска, напишана од Riste Karatanovski за Creative Voice.
Замислете желба, искрена и со цело срце... поделете ДОЗА СРЕЌА и желбата ќе ви се исполни.
Среќна Нова Година ви посакува тимот на Creative Voice.

Пред некое време, смислувајќи и истражувајќи за потенцијални теми за пишување, една драга личност ми предложи да ме запознае со една госпоѓа која би се вклопила во ....

Колку често и со каква леснотија сте му ја дале својата лична карта на близок член на семејството, или пак на пријател? ...
21/12/2022

Колку често и со каква леснотија сте му ја дале својата лична карта на близок член на семејството, или пак на пријател? Дали ова го правите со голема доза на доверба, или пак свесни сте и за потенцијалните ризици?

Злоупотребата на личните податоци и опасностите од измами, особено кога станува збор за достапноста на брзите кредити во Македонија е многу почеста појава од колку што мислиме.

Прочитајте ја новата сторија на Bojan Stojkovski во која истражуваме кои се последиците од измамите поврзани со кражба на идентитетот, и дали воопшто постојат некакви превентивни мерки и механизми со кои граѓаните можат да се заштитат од ваквите измами.

Кога на почетокот на јули годинава 60-годишниот земјоделец Кочо Порковски од битолското село Цапари ќе добие повик и апел за помош од својата ќерка и негиовиот зет, ....

Манипулациите со личните податоци, разните измами кои водат до несвесно подигнување на брзи кредити и гологотите низ кои...
20/12/2022

Манипулациите со личните податоци, разните измами кои водат до несвесно подигнување на брзи кредити и гологотите низ кои потоа поминуваат овие жртви се во фокусот на новата сторија на Creative Voice која ќе биде објавена наскоро.

Во меѓувреме, прочитајте ги останатите стории на кои работеше нашиот тим во изминатиот период - посветени на судбината на децата генијалци, последиците од лошите разводи врз психолошкиот развој на децата, како и енергетската сиромаштија во која запаѓаат се повеќе граѓани во Македонија.

Нашиот тим се состои од тројца дипломирани новинари кои се сепцијализирани за новинарско истражување, комуникациски вештини, маркетинг и ПР.

Кога ќе се наруши еден однос, каков и да бил, секогаш може да се дискутира кој погрешил, зошто е тоа така и дали некој е...
15/12/2022

Кога ќе се наруши еден однос, каков и да бил, секогаш може да се дискутира кој погрешил, зошто е тоа така и дали некој е виновен...
За една работа нема прашалник. Се знае кој НЕ е виновен... ДЕЦАТА!
За нив, за се она низ што тие поминуваат при разводите, во сторијата на Riste Karatanovski

Некаде по завршувањето на еден од вечерните натпревари на светското првенство во Катар, се подготвував за спиење. Опуштено, со некој добар блуз во позадина, земав д....

Македонија е поднебје од кое многу генијалци тргнале кон светот, и тој свет ја запознал Македонија токму преку нив.Поран...
13/12/2022

Македонија е поднебје од кое многу генијалци тргнале кон светот, и тој свет ја запознал Македонија токму преку нив.
Порано или подоцна, квалитетните го наоѓаат својот пат, но често тој пат води надвор поради беспарицата, „слепилото“ на надлежните и разочарувањето. Не е лесно да се сведочи како додека за тебе пари нема, има за луксузирање, гоштевања на државна сметка и скапи патувања...
Бегаат ли младите генијалци „бегаат“ од Македонија во еден правец? Им подава ли некој рака, се грижи ли од нивниот квалитет корист да има нивната родна земја?
Сторија на Nikola Zdravković и Creative Voice.

„Министерот тој-и-тој трошел просечна месечна плата на гозби со бифтеци и јунешки мускули…“. „Заменик министерот тој-и-тој на сметка на граѓаните за четири месец....

Поимот сиромаштија одамна станува секојдневние за земји како Македонија и остатокот од Балканот, а ова особено се чувств...
30/11/2022

Поимот сиромаштија одамна станува секојдневние за земји како Македонија и остатокот од Балканот, а ова особено се чувствува во последната година преку инфлацијата, зголемените цени на основните продукти, и се останато.

Но постои и еден друг тип на сиромаштија кој погодува се поголем број на граѓани од година во година, а тоа е енергетската сиромаштија.

Самите последици пак од енергетската сиромаштија понатаму повлекуваат и многу други ефекти кои се прелеваат и стануваат проблем и за оние кои можат да си дозволат греење и енергенси – а еден од највидливите ефекти е загаденоста на воздухот која веќе со години е сериозен проблем пред се за Скопје, а полека и за останатиот дел од земјата.

Дознајте повеќе за енергетската сиромаштија и нејзините последици во новата сторија на Bojan Stojkovski.

Поимот сиромаштија одамна станува секојдневние за земји како Македонија и остатокот од Балканот, а ова особено се чувствува во последната година преку инфлацијат....

За еден од најголемите психолошки стресови во животот. За тешкиот момент, правно и психолошки, за разводот...На Creative...
20/11/2022

За еден од најголемите психолошки стресови во животот. За тешкиот момент, правно и психолошки, за разводот...
На Creative Voice, зборуваме со адвокатот Весна Тренкоска-Апостолски и психологот и психотерапевтот Маргарита Николовска.
Преобемна тема, а ова е само првиот дел.

Сосема лабав ноемвриски ден. Времето преубаво како за овој период на годината. Недела, маалско кафе, седенка, милина. Се до моментот кога дојде еден од стандардните ....

“Големината на човештвото не е во тоа да се биде човек, туку во тоа да се биде хуман“, е една од најзначајните мисли на ...
14/11/2022

“Големината на човештвото не е во тоа да се биде човек, туку во тоа да се биде хуман“, е една од најзначајните мисли на индискиот пацифист и борец за човекови права Махатма Ганди. Но колку ваквите мисли и зборови можат да се преточат во реалност кога станува збор за земја како Македонија?

Статистиката вели дека повеќе од 450 илјади граѓани во Македонија во 2020 година живееле под прагот на сиромаштија во 2020 година – претворено во проценти ова значи дека стапката на сиромашни лица од вкупното население е речиси 22 проценти, и оваа бројка постојано се зголемува.

За Monika Rizovska и Ways2Help, токму оваа страшна статистика се покажа како најголемиот мотив за нејзиниот проект којшто има за нема како да помогне во ублажувањето на сиромаштијата во Македонија.

Прочитајте повеќе во новата сторија на Bojan Stojkovski

“Големината на човештвото не е во тоа да се биде човек, туку во тоа да се биде хуман“, е една од најзначајните мисли на индискиот пацифист и борец за човекови права ....

Ја чистиш животната средина без никакви материјални очекувања, двоиш од своето време, нерви, па и здравје, за новите ген...
10/11/2022

Ја чистиш животната средина без никакви материјални очекувања, двоиш од своето време, нерви, па и здравје, за новите генерации да растат во колку-толку здрава средина... на кое место на табелата на патриотизмот котираат овие дела? Во едно нормално општество - највисоко, и твојот пример ќе го земат и надлежните.
Во Македонија не само што помош ниту на повидок, туку стануваш и дежурен решавач на сите проблеми.
НЕ БИДИ ЃУБРЕ - нашето министерство за се'.

Тешко дека низ историјата ќе сретнете поизвикан израз од патриотизмот. Големи умови се обидувале да дадат големи толкувања… но се чини дека сите тие ќе застанат во...

За основното право за еднакви можности за сите, за правото на комуникација и разбирање во 21виот век, за знаковниот јази...
31/10/2022

За основното право за еднакви можности за сите, за правото на комуникација и разбирање во 21виот век, за знаковниот јазик, но и за толкувачите на знаковен јазик и предизвиците со кои се соочуваат, за Јелена...
За се ова, за Creative Voice пишува Riste Karatanovski

Се зависи од аголот од кој се гледаат нештата. Од перспективата. Сепак, за некои нешта, за некои дела, не постојат поинакви гледишта. Некои дела се едноставно генијал...

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Creative Voice posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share


Other Media/News Companies in Skopje

Show All