22/09/2023
Дали ви е потребен маркетинг за вашиот хотел?
Хотелскиот маркетинг ви помага да допрете до потенцијалните гости и да го промовирате вашиот бизнис. И без него вашиот хотел ќе работи, само што работењето ќе биде отежнато.
Овој дел од вашата секојдневна работа е веројатно најважен. Како хотелиер, мора да ги промовирате капацитетите и услугите на вашиот хотел, да привлекувате нови гости и да ја поттикнувате лојалноста.
Звучи едноставно?
Па... хотелскиот маркетинг е многу повеќе од тоа!
Имајќи предвид дека во хотелската индустрија има голема конкуренција, инвестирањето на вашето време (и пари!) во ефикасна хотелска маркетинг стратегија е најважно.
Со оглед дека потребите на гостите се менуваат со текот на времето и глобалните настани влијаат на начинот на кој луѓето патуваат, повеќе од јасно е дека и марјкетингот постојано се менува и станува се по захтевен за спроведувае.
Што е хотелски маркетинг?
Хотелскиот маркетинг се однесува на алатките и стратегиите кои се користат за промоција на хотелот. Целта е да се донесат што е можно повеќе нови гости и да се задржат постоечките.
Едноставно, потенцијалните гости треба да направат резервација и да го посетат вашиот хотел. Сè што треба да направите е да им ги покажете најдобрите карактеристики на вашиот хотел и она по што вие се разликувате од другите.
Познавањето на вашата целна група и вашата конкуренција ќе ви помогне да ги постигнете вашите цели. Ако успеетево тоа, тогаш вашиот хотел ќе има повеќе резервации, а со тоа и повеќе гости.
Апсолутно не е важно во која категорија спаѓа вашиот хотел и на која локација се наоѓа. Имајте на ум дека едноставно гостите сакаат да патуват на различни места и во различни хотели.
Зошто е важен хотелскиот маркетинг?
Без гости, нема работа. Улогата на хотелскиот маркетинг е да им покажете на потенцијалните гости дека постоите за ради нив и зошто треба да ве изберат вас пред вашите конкуренти.
Дополнително, ваша шанса е да изградите бренд кој ќе направи доверба кај вашите гости. И, ако му поверуваат на вашиот бренд, тогаш веројатноста тие да направат резервација за престој во вашиот хотел еголема.
И се разбира доколку имаат позитивно искуство од престојат тие тоа ќе го пренесат на нивните пријатели.
Нешто, што сите хотелиери го посакуваат.
За повеќе информации за хотелскиот маркетинг побарајте на:
Regent Consulting
www.regent.mk | 02 3119 615 | 070 217 058