13/01/2023
Ја поздравуваме иницијативата. За кои други проблеми и барања се потребни отворени линии во Општина Аеродром? Или можеби постојат, но не се соодветно искомунуцирани? 🤔
📞 Пријавување комунални проблеми
📞 Оштетени реквизити и урбана опрема
📞 Еко патрола
📞 Градежна инспекција
📞 Инспекција за домување
📞 Одржување на зелени површини и паркови
Друго?
Отворена линија за пријавување проблеми со јавното осветлување во Општина Аеродром
☎ Општина Аеродром отвори телефонска линија на која граѓаните, почнувајќи од денеска, можат да пријавуваат проблеми со јавното осветлување. Целта на оваа линија е навремено решавање на проблемите на граѓаните кои се поврзани со уличното осветлување на територијата на Аеродром.
👉 Пријавувањето може да се направи на телефонскиот број 072/270-886 од 07:30 до 15:30 часот, или пак во секое време по порака, на електронската адреса [email protected], со писмено барање во просториите на Јавното претпријатие, како и преку урбаните заедници на Општина Аеродром. По добивањето на пријавата службите задолжени за неговото одржување навремено ќе реагираат на терен.
💡 Јавното претпријатие одговорно за јавното осветлување на Општина Аеродром ја следи состојбата со улично осветлување и навремено презема мерки за негово подобрување. Исто така, службите ќе вршат редовни ноќни контроли за согледување на состојбите и отстранување на сите утврдени дефекти, со цел поголема безбедност на граѓаните, како и поголема заштеда на електрична енергија во време на енергетската криза.