Глас на Америка

Глас на Америка Веродостоен и објективен извор за вести и информации од САД и од светот
mk.voanews.com

Музејот на Алкалоид се протега на 300 метри квадратни површина. Таму ќе ги видите портретите на сите поранешни лидери на...
12/28/2024

Музејот на Алкалоид се протега на 300 метри квадратни површина. Таму ќе ги видите портретите на сите поранешни лидери на компанијата, мебелот од канцеларијата на поранешниот генерален директор и претседател на Управниот одбор, Трајче Мукаетов. Дел од колекцијата на музејот е и информатичката технологија „алкаСАП“ создадена во 2007 година. Голема гордост се и трофеите кои што Алкалоид ги освоил во полето на шахот и ракометот.

Првото кутивче и одобрение за производство на најпознатиот македонски производ, лекот за главоболка „Кафетин“, од 1957 година, е изложено во музејот на компанијата ...

12/28/2024

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид, Живко Мукаетов, за Гласот на Америка на македонски вели дека овој музеј кој е единствен од овој тип во државата и регионот, бил создаден да сведочи за историјата на компанијата од нејзиното создавање во 1936 година до денес.

Повеќе на: https://mk.voanews.com/a/prvoto-kutivche-na-lekot-za-glavobolka-kafetin-izlozheno-vo-muzeјot-na-alkaloid-vo-skopјe/7916835.html

Деветто обвинение против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко но овој пат му е одземен пасошот.Струшкото обвинителство пр...
12/28/2024

Деветто обвинение против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко но овој пат му е одземен пасошот.
Струшкото обвинителство против него поднесе уште едно обвинение, деветто по ред, а во јуни минатата година Мерко беше ставен и на американската „црна листа“ поради корупција и мешање во судски процеси.
Според барањето на Обвинителството, Мерко треба една неделно да се јавува во Судот, а мерките се побарани поради опасност од бегство.
Последниот обвинителен акт се однесува на поставување на спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, во март годинава, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.
„Имајќи предвид дека обвинетиот е долгогодишен јавен функционер, против кого ОЈО Струга во краток временски период годинава поднесе повеќе обвиненија и веќе води осум судски постапки за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон“, соопштија од Обвинителството.
Со ова обвинение против Мерко, во судовите во Струга и Битола, ќе се водат вкупно девет судски постапки, при што во секоја од нив има и можност од затворска казна.

12/28/2024

Со ветувањето на администрацијата на Трамп дека ќе започне масовни депортации на недокументирани имигранти во САД, некои градоначалници во демократските држави преземаат чекори за да се подготват за новите политики. Арон Ранен известува од Њујорк.

Светот низ фотографии
12/27/2024

Светот низ фотографии

27 декември, 2024 година

Економистите ги припишуваат оптимистичките прогнози за САД на очекуваното спроведување на владината програма за трошење ...
12/27/2024

Економистите ги припишуваат оптимистичките прогнози за САД на очекуваното спроведување на владината програма за трошење насочена кон стимулирање на економскиот раст, како и на фактот дека втората светска економија - Кина - се соочува со сопствени проблеми кои го забавуваат нејзиниот развој.

САД ќе останат најголемата светска економија уште најмалку 15 години, предвидува британската истражувачка агенција Центар за економски и бизнис истражувања. Еконо...

12/27/2024

Започна годишниот фестивал на слонови во Читван, Непал. Фестивалот се одржува секоја година меѓу Божиќ и Нова година, со активности како што се натпреварот за убавина на слонови, фудбалски натпревар со слонови и традиционални културни претстави.

НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море по сомнителната саботажа на подморски кабел за електрична е...
12/27/2024

НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море по сомнителната саботажа на подморски кабел за електрична енергија што ги поврзува Финска и Естонија оваа недела, изјави во петокот шефот на западната воена алијанса Марк Руте.

НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море по сомнителната саботажа на подморски кабел за електрична енергија што ги поврзува Финска и Естонија ....

12/27/2024

Во американската сојузна држава Мериленд се танцува хула. Секој викенд, танчарите се собираат во центарот на градот Силвер Спринг за да ја практикуваат древната форма на раскажување приказни, и покрај илјадниците милји меѓу нив и Хаваи, тропската островска држава од каде потекнува овој танц.

ЦДЦ соопштија дека ризикот за јавноста од зараза не е променет и останува низок.
12/27/2024

ЦДЦ соопштија дека ризикот за јавноста од зараза не е променет и останува низок.

Центрите за контрола и превенција на болести во САД (ЦДЦ) соопштија дека нивната анализа на примероците од првиот тежок случај на птичји грип во земјата минатата не...

„Азербејџан ерлајнс“ денес соопшти дека прелиминарните резултати покажале оти еден од нејзините авиони што се урна во ср...
12/27/2024

„Азербејџан ерлајнс“ денес соопшти дека прелиминарните резултати покажале оти еден од нејзините авиони што се урна во средата во Казахстан имал „надворешно физичко и техничко мешање“.

НАТО вчера повика на целосна истрага за причините за уривањето на авионот во која загинаа 38 лица.

„Азербејџан ерлајнс“ денес соопшти дека прелиминарните резултати покажале оти еден од нејзините авиони што се урна во средата во Казахстан имал „надворешно физ....

Јужнокорејските пратеници денес го отповикаа од функцијата заменикот на претседателот, додека земјата се бори да се осло...
12/27/2024

Јужнокорејските пратеници денес го отповикаа од функцијата заменикот на претседателот, додека земјата се бори да се ослободи од политичките превирања предизвикани од декларацијата за воена состојба на неговиот претходник што го шокираше светот.

Јужнокорејските пратеници денес го отповикаа од функцијата заменикот на претседателот, додека земјата се бори да се ослободи од политичките превирања предизвика....

12/27/2024

Охриѓанката Емилија изработува украси од дрво. Производите ги изработува со помош на техниката позната како, пирографија.За два месеци изработила стотина лампиони, кои ќе завршат на нечија елка.
Известува Мики Трајковски

12/27/2024

Во 2024 година, војната во Украина речиси беше во застој. Двете страни, добро усогласени со напредната воена технологија, се мачеа да напредуваат, насочувајќи го вниманието кон можните мировни разговори. Остануваат надежите за отворање пат кон мирот. Анализа на Мирослава Гонгадзе

Експертите велат дека Јапонија верува дека може да извлече „некои позитивни добра“ од Кина поради зголемената загриженос...
12/26/2024

Експертите велат дека Јапонија верува дека може да извлече „некои позитивни добра“ од Кина поради зголемената загриженост на Пекинг за идната администрација на Трамп.

Јапонија и Кина се обидуваат да ги подобрат односите пред враќањето на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп во Белата куќа, но аналитичарите велат дека а....

Светот низ фотографии
12/26/2024

Светот низ фотографии

26 декември, 2024 година

12/26/2024

Педесеттина дечиња и нивните родители го пречекаа Дедо Мраз, кој со авион пристигна на охридскиот аеродром. Возбудата кај сите од средбата со нивниот омилен лик, беше голема, кој најпрво ги поздрави, симнувајќи се од авионот. На нивната среќа и радост им немаше крај.

Автор: Мики Трајковски

12/26/2024

„На овие злоупотреби на овие служби со реформи треба да им се стави крај, за тоа да не се случува пак во иднина“. Премиерот денеска од собраниската говорница, повторно, ја пласираше иницијативата за реформа на безбедносно-разузнавчките служби. Како повод за пораката Христијан Мицкоски го искористи пратеничкото прашање за тоа какви се неговите сознанија дека бил следен во периодот додека беше лидер на опозицијата.

Целиот текст: https://bit.ly/4iSa6PZ

Address

330 Independence Avenue SW
Washington D.C., DC
20237

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Глас на Америка posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Глас на Америка:

Videos

Share