16/12/2023
Со позитивни вести ја испраќаме оваа година и се надеваме на убава реалност уште одма на почеток од новата 2024 година.
Самоиницијативно, како и за изминатите неколку стримови во живо, се спремаме за повеќе нови преноси во живо од Струга. Годишниот план за наредната година, засега ни е да ги покриеме најголемите три христијански празнувања во Струга.
Од Светото Богојавување, со славното Христово Воскресение, па сè до Еордијата со моштите на Светиот Маченик св. Ѓорѓи. Заедно со монаштвото, свештенството и верниот народ.
За почеток ви го најавувам преносот ВО ЖИВО за ВОДИЦИ 2024 во Струга, стрим кој ќе биде покриен од неколку различни агли истовремено.
По план, ќе се потрудиме да направиме стрим на едно целосно друго ниво спрема досегашното, но од некаде мора да се почне. Ќе одиме напоредно истовремено на две социјални мрежи во живо (на јутуб и фејсбук), ќе вметнеме 🚁 дрон во живо (надевајќи се на убаво време наредната година), ќе поставиме 🎥 4G+ безжични камери во градската Црква и на Мостот каде подоцна ќе се фрла крстот и можеби неколку фиксни камери доколку сме во можност. Целиот стрим ќе оди непрекинато во FullHD висока резолуција.
(ЛИНКОВИТЕ ЗА СТРИМ ЌЕ ИЗЛЕЗАТ НЕКОЛКУ ДЕНА ПРЕД СТРИМОТ)
За да постигнеме многу висок квалитет, во корист ќе ни биде секоја помош. За овој стрим, имаме можност за помагатели на стримот, кои ќе влезат во крајниот постер и нивните логоа ќе бидат вметнати во текот на самиот стрим. А, за сите што сакаат поединечно да нè поддржат, тоа можат да го извршат на следниот линк :
https://www.buymeacoffee.com/alexmenkiphoto/w/35868
Сите кои се заинтересирани за помагатели на стримот може да ме контактираат тука во пораки, на телефон или на меил.
Да оставиме заедно дигитално наследство од нашиот град, токму онака како што наликува. Од Стружани, за Струга!
Со почит,
Digitalin Livestream