Визијата која доведе до креирање на Eко Арт Фестивал е инспирана од потребата за културно уметничко воздигнување, развој на еколошката свест кај младите и едукација на следните генерации преку уметноста во сите свои облици.
Идејата за Арт-Фестивал концептот на Аксиос е уникатна комбинација на уметности (музика, филм, театар, визуелна уметност и сл.) кои ќе бидат претставени на начин кој што голе
м број активности и настапи ќе се одржат во одредена локација, парк или камп соодветен за настанот.
Овогодишниот настан ќе се одржува од 22-24 Август во Кампот Мрдаја, во Стар Дојран.
Фестивалот е предвиден да биде меѓународен, кој треба да создаде традиција која ќе расте. Планот е настанот да трае 3 дена, но се планира од година во година да трае подолго. Повеќе мали настани ќе следат во текот на целата година за нејзина промоција, како и промоција на домашните и странските уметници.
Еко Арт фестивал е широко познат проект низ целиот свет и е од суштинско значење за развој на животниот стандард од сите аспекти на животот и е неопходен проект за културен развој на земјата, на кој треба да се обрне посебно внимание.
Аксиос Еко Арт Фестивал треба да биде настан кој ќе ги инспирира следните генеЕко Арт фестивал е широко познат проект низ целиот свет и е од суштинско значење за развој на животниот стандард од сите аспекти на животот и е неопходен проект за културен развој на земјата, на кој треба да се обрне посебно внимание. рации кои фокусирајки се на уметноста, но и екологијата и здравјето, како суштински елементи на животот.
Овој бесплатен фестивал е кулминација на дела од над 60 уметници од различни култури кои преку својата уметничка форма, како и преку работа во заеднички работилници, преку забава и ангажирање во активности со кои се промовира уметноста и едукацијата за животната средина.
Концептот на Еко Арт фестивалот се основана првенствено да се создаде локација за блиска и одржлива интеракција што доведедува до интер-културно учење помеѓу уметникот и заедницата, истовремено стремејки се кон еколошките прашања и потребите на денешното општество кои бараат фокус за вистински интервенции.