📌 Oчекуваме интензивна соработка со новата Влада со цел напредок во евроинтеграциите и брз прием на земјата во ЕУ - порака од евроамбасадорот Дејвид Гир
Емисија „360 степени“ (11 јули 2024 г.)
Следете го во живо новото издание на „360 степени“ (МРТ 1) во кое донесуваме:
– Разликата меѓу најевтината и најскапата вода е шест и пол пати, половина од јавните претпријатија работат со минус, а во земјава годишно се губат околу 60 000 олимписки базени вода – истражување на Центарот за граѓански комуникации;
– Тамам почна да се гледа финишот на кулата на АЕК на Водно, Град Скопје им ја спушти рампата на градежните машини – репортажа;
– Нови камери на главните скопски раскрсници – што им е намената;
– Штом паднеше ноќ, излегувавме и броевме – на колку автобуси на ЈСП им работат сите светлосни уреди; наидовме и на такви на кои не им работи ни светло, ни стоп-светло, ни трепкач;
– „Саботажа“.
Емисија „360 стеоени“ (8 јули 2024 г.)
Следете го во живо новото издание на „360 степени“ (МРТ 1) во кое гостува Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
Емисија „360 степени“ (4 јули 2024 г.)
Следете го во живо новото издание на емисијата „360 степени" (МРТ 1) во кое донесуваме:
– Владата пред усвојување на реформската агенда од Планот за раст со кој земјава треба да добие 750 милиони евра од ЕУ; „Ова е можност што треба да се искористи“, вели доскорешната државна секретарка во СЕП, Дрита Абдиу-Халили;
– Интервју со Дејвид Гир пред крајот на неговиот амбасадорски мандат за новата политичка реалност во земјава по изборите, што значи тоа за односите со ЕУ, може ли да се репреговара Договорот со Бугарија, дали ЕУ ќе поддржи распуштање на Судскиот и на Советот на јавни обвинители;
– Зошто од Скопје до Сопиште сè уште не може да се стигне преку Водно – патот е готов, но по него се движат само пешаци и моторџии;
– „Саботажа“.
Емисија „360 степени“ (1 јули 2024 г.)
Следете го во живо новото издание на емисијата „360 степени“ (МРТ 1) во кое гостува министерката за образование и наука Весна Јаневска
Емисија „360 степени“ (27 јуни 2024 г.)
Следете го во живо новото издание на „360 степени“ (МРТ 1) во кое донесуваме:
– Дали тоа што проблемот го снема во медиумите, значи и дека мечките веќе не се симнуваат меѓу луѓето во Жировница – репортажа;
– Владата е децидна дека нема намера да го отвора Уставот заради внесување на Бугарите, но во владината програма пишува дека највисокиот правен акт ќе се отвора за неколку други прашања – ја има ли ВМРО-ДПМНЕ согласноста на коалициските партнери;
– Дали управното судство смета дека Собранието може да избере и агроном за член на Судскиот совет и за тоа да нема судска контрола; универзитетскиот професор Денис Прешова вели: Уште пет пати да се распушти Судскиот совет, со вакви судии и судска култура, ништо нема да се смени;
– Неколкумина млади во стан во Аеродром решија Скопје да го претворат во епицентар на епска битка меѓу агресивните вонземјани и исцрпените земјани – дознајте за глобалната амбиција на видеоиграта „Скопје 83“;
– „Саботажа“.
Емисија „360 степени“ (24 јуни 2024 г.)
Следете го во живо новото издание на „360 степени“ (мрт 1) во кое гостува Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика
📌 Нема законска обврска за тоа со кого ќе стапите во коалиција - вели американската амбасадорка Анџела Агелер прашана како ја коментира одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да коалицира со „Вреди“, а не со коалицијата предводена од ДУИ која, пак, инсистира дека со ова се оди против основниот договор меѓу двете најголеми заедници од 2001 г.
Учесниците на Парадата на гордоста маршираат кон Градскиот парк
📌 Американската амбасадорка Анџела Агелер вели дека е воодушевена и ја поздравува најавата на мандатарот Христијан Мицкоски дека в недела, при заклетвата како нов премиер, а и во настапите во странство, ќе го користи уставното име на земјава
Емисија „360 степени“ (20 јуни 2024 г.)
Следете го во живо новото издание на „360 степени“ (МРТ 1) во кое донесуваме:
– Воодушевена сум што го гледам тоа и го поздравив неговиот јавен настап од пред некоја вечер во кој рече дека ќе го почитува уставното име при заклетвата – вели американската амбасадорка Анџела Агелер за најавата од Христијан Мицкоски дека в недела како премиер ќе се заколне со Северна Македонија;
– Објавуваме првична анализа на предлог-програмата за работа на Владата што мандатарот ја достави до парламентот – што од предизборните ветувањата на трите коалиции и партии заврши во програмата, а што остана за на предизборни митинзи;
– Жените ќе бидат застапени со 12,5 отсто во новиот владин кабинет – трите жени идни министерки се предлог на ВМРО-ДПМНЕ, од „Вреди“ и ЗНАМ сите номинирани за министри се мажи;
– „Саботажа“.
📌 Претседателот и премиерот не се обични граѓани, тие ја претставуваат државата - вели заменик-шефицата на грчката дипломатија Александра Пападопулу во интервју за „360 степени“, коментирајќи го ставот на Силјановска-Давкова и на Мицкоски дека го почитуваат Договорот од Преспа, но дека имаат право на самоопределување и на слобода на изразување, па наместо Северна Македонија, усно да ја нарекуваат земјава Македонија
Емисија „360 степени“ (17 јуни 2024 г.)
Следете го живо новото издание на „360 степени“ (МРТ 1) на тема Парада на гордоста 2024
📌 Кого сè треба да почестиш за раѓање дете? Каде да ургираш за прием во градинка и училиште? Како би изгледало патувањето во вселената ако политичките партии од земјава одлучат да ја освојат планетата Марс?
📌 Преку интерактивен стендап перформанс, актерот Марјан Георгиевски ја анимираше публиката во Скопје на тема широко распространетата корупција во општеството. Настанот се одржа во рамки на фестивалот „Не е веќе смешно“
📌 Слобода на изразување ли е ако некој утре се заколне во Јужна Србија, турска Македонија, илириска Македонија, или албанска Македонија – вели министерот за правда во заминување Кренар Лога, коментирајќи го аргументот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ оти право на слобода на изразување е употребата на Македонија како име на државата
Емисија „360 степени“ (13 јуни 2024 г.)
Следете го во живо новото издание на „360 степени“ (МРТ 1) во кое донесуваме:
– Претседателот и премиерот не се обични граѓани, тие ја претставуваат државата – одговара заменик-шефицата на грчката дипломатија Александра Пападопулу, во интервју за „360 степени“, за ставот на Силјановска-Давкова и на Мицкоски дека го почитуваат Договорот од Преспа, но дека имаат право усно да ја нарекуваат земјава Македонија;
– По изјавата на министерот за правда Кренар Лога дека судницата до „Идризово“, изградена со пари од ЕУ и од САД, е промашена инвестиција, од Делегацијата на Европската Унија велат: „…очекуваме дека властите целосно ќе ја искористат помошта што ЕУ ѝ ја дава на Северна Македонија“;
– Против корупцијата со антикорупциски стендап фестивал – репортажа;
– Охридскиот туризам со работници од Непал, Бангладеш и Филипини – колку е лесно или тешко да се увезе работна сила од надвор;
– Јавно-приватното партнерство донесе можеби поревносно празнење на контејнерите во Тетово, но и нови проблеми за тетовци – слика од терен;
-„Саботажа“.
📌 Немаме никаква правна сигурност во оваа држава, вели инвеститорот Фатмир Етеми откако Конзерваторскиот центар, со нов директор, се премисли и издаде негативно мислење за висококатницата кај Воена болница
Емисија „360 степени“ (10 јуни 2024 г.)
Следете го во живо новото издание на „360 степени“ (МРТ 1) во кое гостува Кренар Лога, се уште актуелен министер за правда
📌 Злосторничко здружување или правна несигурност – зградата кај Воена болница непрекинато се гради
Емисија „360 степени“ (6 јуни 2024 г.)
Следете го во живо новото издание на „360 степени" (МРТ 1) во кое донесуваме:
-По договор „во четири очи“ ДИК ѝ платила на „Дермалог“ речиси половина милион евра за надградба на фингерпринт-уредите за двојните избори; купени се и 500 нови батерии по цена од 79 евра за парче (на интернет една таква батерија чини од 5 до 20 евра, провериле во „Транспаренси интернешнл“);
– По падот на лифт во ресторан во Штип, кој однесе еден живот: во земјава има околу 13 илјади лифтови, но повеќе од половина не се пријавени во регистарот на Државниот инспекторат за техничка инспекција, па нема информација дали се поставени законски и дали редовно се одржуваат;
– Конзерваторскиот центар прво се согласил, а сега смета дека не треба да се гради висококатница близу Воена болница во скопски Карпош – активистите бараат одземање на одобрението за градба, инвеститорот се жали на правна несигурност;
– На крајот на месецот СДСМ ќе добие нов претседател – по Ристовски, Филипче, Петровска, Деспотовски, денеска за лидерската трка се пријави и Александар Бајдевски;
– „Саботажа“.