Современост - списание за литература Modernity - literary magazine

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Современост - списание за литература Modernity - literary magazine

Современост - списание за литература  Modernity - literary magazine Најстаро македонско списание за литература (осн. 1945). Oldest Macedonian literary magazine (f 1945).
(2)

30/08/2024

Најновиот, прв број на „Современост“ за 2024 г. содржи 35 статии на 185 страници. Бројот, како што наведува издавачот, е...

Објавен е првиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост” за 2024 година, со 35 статии на 185 ...
28/06/2024

Објавен е првиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост” за 2024 година, со 35 статии на 185 страници, вклучувајќи: 5 прилози проза, 7 прилози поезијa, 1 приопштување, 7 интерпретации, 8 рецензии и 7 прилози од млади книжевни таленти.
Илустрациите за овој број се на академскиот сликар Ниче Василев (Струмица, 1948).
Наскоро достапен во скопските книжарници и библиотеките ширум Македонија.

15/05/2024

Деновиве беше издадено новото прозно остварување на македонскиот писател Стефан Марковски, новелата „До_адната книга“ на 157 страници во издание на Современост – ...

Деновиве беше издадено новото прозно остварување на македонскиот писател Stefan Markovski, новелата „До_адната книга“ на...
14/05/2024

Деновиве беше издадено новото прозно остварување на македонскиот писател Stefan Markovski, новелата „До_адната книга“ на 157 страници во издание на Современост – Скопје.
Дејството во новелата е динамично, со разгранета, сложена и нелинеарно структурирана композиција, подлегнувајќи на постојани и тешко предвидливи пресврти, кои освен што ја одразуваат повеќеслојноста на самата реалност, ја наоѓаат својата улога и како дел од експериментот кој е и централна тема.

Една од главните области на овој истражувачки експеримент е развивањето спефицични облици на вештачкоинтелигентна технологија чијашто цел, покрај другото, е и проучувањето на досадата, наспроти афинитетите и допаѓањата, со цел подлабинско и посеопфатно разбирање на човекот и човечкото.
За книгата, драмската авторка м-р Катерина Момева во освртот пишува: „Преку ироничен дискурс, Марковски ни го претставува демократскиот систем изобличувајќи го до степен на апсурд, еуфоријата од револуцијата како извор на декаденција каде што причините за истата немаат значење – револуцијата не ги јаде своите деца, децата не се ни раѓаат... Важноста на ова книжевно остварување е во постапките со кои целото е создадено, кои се крајно инвентивни и невообичани, во обид да се прекршат некои постулати во книжевноста, а сепак доследно и консеквентно, искреирано со крајно истанчен вкус, со интелектуална префинетост која предизвикува оригинални естетички толкувања. Ова е дело кое во себе ја содржи постапката на расплетување, следејќи ја свеста и процесите што се случуваат кога ти е наметнатa вина, бидејќи наметнатата вина предизвикува понекогаш поголемо страдање од самата вина, докажувањето на невиноста е исто така макотрпен процес. Притоа темата која ја одбира и разработува е многу актуелна, бидејќи во последно време одредени движења за родова еднаквост се фокусирани на жртвата на жената и го исклучуваат мажот како можна жртва, особено на некои општествени движења. Отсликувањето на светот и неговите различни слоеви е изведено преку разни начини на разигрување на егото, суперегото и идот на централниот лик, и самите екстериоризирани во различни облици – еднаш како доктори, другпат како раскажувачи и револуционери по урнекот на Робеспјер, Дантон и Мара. Тој е во полусвесна состојба, па и во несвесна во дел од приказната и нему му е имплантиран чип кој има за цел да ги истражува неговите емоции, а со помош на кој на крајот и ќе ја докаже невиноста. Затоа авторот си дава слобода преку централниот лик и неговата задумност да ја критикува апсурдноста на човековите вредности за животот во секојдневието. Меѓу редовите што ги читаме, авторот исто така се посветил да ги истражи тие методи на напредната наука која во целост сака да има контрола на човековиот ум, но Марковски едновремено преку сите тие научни методи реферира на здравиот разум, односно на последиците од сите тие абнормални процеси на вивисекција на човековата душа и го поставува прашањето дали во желбата да се достигне совршенството треба да отидеме до тие крајности...

Секогаш оригинален во аспектите од кои го толкува придонесот на човековата егзистенција во крајно несовршениот свет, Марковски одново нè соочува со слабостите и доблестите на индивидуата и нејзините размисли за подобро суштествување.“
„До_адната книга“ е дваесетта книга, но и прва новела на Марковски. Според меѓународната стандардизација, прозните дела кои се составени од помалку од 40 000 зборови спаѓаат во оваа книжевна категорија.

#македонскиновели #македонскалитература #стефанмарковски

[Од архивата]Текст на југословенскиот книжевник Миодраг Б. Шијаковиќ објавен во „Современост“ бр. 6 од јуни 1958 по пово...
23/04/2024

[Од архивата]

Текст на југословенскиот книжевник Миодраг Б. Шијаковиќ објавен во „Современост“ бр. 6 од јуни 1958 по повод смртта на писателката и прва жена-академик Исидора Секулиќ во април истата година.

Почитувани, списанието за литература, култура и уметност „Современост“ го презентира својот нов веб-сајт https://sovreme...
10/04/2024

Почитувани, списанието за литература, култура и уметност „Современост“ го презентира својот нов веб-сајт https://sovremenost.com/ каде ќе бидат споделувани содржини поврзани со тековните и натамошни активности. На веб-сајтот се веќе достапни информации во врска со историјатот на „Современост“ https://sovremenost.com/istorijat/ , а достапни се и некои од поновите изданија како на списанието https://sovremenost.com/broevi/ , така и на единечните изданија, односно книги: https://sovremenost.com/knigi
Посетете го веб-сајтот на „Современост“ за да ги дознаете сите информации во врска со нашата работа, како и можностите за соработка.

Психофилозофемите во повеќеслојните структури на романите Папокот на светот од Венко Андоновски и Еретички писма од Стефан Марковски - Верица Мукоска

Учебникот по македонски јазик и литература за III година за реформираното гимназиско образование е едно од ретките наста...
20/03/2024

Учебникот по македонски јазик и литература за III година за реформираното гимназиско образование е едно од ретките наставни помагала и средства кои го третираат периодот на книжевната конфронтација, како зачетен дел од развојот на повоената македонска литература.

Во овој книжевно-развоен период од суштинско значење биле литературните списанија, меѓу кои посебно место заземаат списанијата „Современост“ и „Разгледи“, споменати на стр. 238-239 во учебникот.

Периодот на и околу книжевната конфронтација е одамна дел од литературната историја, но е сепак важна еволутивна карика во динамичните текови на современата македонска литература и затоа „Современост“ апелира во идните предметни програми за високо образование на оваа проблематика да биде посветено поголемо внимание.

13/03/2024

Во издание на Современост – Скопје, деновиве беше објавена „Светлината во нашите вени“, нова поетска збирка на Стефан Марковски.

Информација за новото издание на Современост - стихозбирката Светлината во нашите вени од Стефан Марковски во денешниот ...
13/03/2024

Информација за новото издание на Современост - стихозбирката Светлината во нашите вени од Стефан Марковски во денешниот број на „Нова Македонија“.

11/03/2024

Во издание на „Современост“ – Скопје деновиве беше објавена „Светлината во нашите вени“, нова поетска збирка на Стефан Марковски. Стихозбирката на 100 страници с....

Во издание на Современост, од печат излезе "Светлината во нашите вени", 8-ма поетска збирка на Стефан Марковски.Дизајнот...
08/03/2024

Во издание на Современост, од печат излезе "Светлината во нашите вени", 8-ма поетска збирка на Стефан Марковски.

Дизајнот на корица е на Александар Митрикески.

Уредник: Снежана Стојчевска

За збирката, македонскиот поет и книжевен критичар Санде Стојчевски, меѓу другото, пишува:

"...Именките се преобразуваат во глаголи и преземаат трескавично дејство (есента започнува да есенува), бакнежот од себе истиснува именка-двојник и укажува на состојба (бакнежност), обичните лексеми си ги наслушнуваат еуфемиските блискости и ги премостуваат огромните семантички растојанија што ги разделуваат, па пилите и липите, во реалноста намовнати од конфликтност, овде ги гледаме во творителна пермутациска лирска прегратка (пили, липи). Пребирливост на стихот, војување со перото. Технé.
Освен ваквиот максимален учинок што се извлекува и од семантичката и од еуфониската кондиција на зборовите, на синтагмите и на посложените реченички споеви, во најновите песни ма Марковски има удвојување на волуменот кој опфаќа најмалку две сфери, реалната и метафизичката. На тој начин се проектира една соновна длабочина, една огледалност, сопоставување на конкретното и апстрактното, на предметот и на неговиот одблесок. Гледајте каква слика, каква сугестија, колкаво ефектно креативно решение на еден конфликт, на една нарогушена стварност во свирепата организација на светот ни нуди оваа поезија. Една воинствена состојба, една
потенцијална агресија на пилите врз липите, се присмирува, се притајува, се оддалечува преку нивното повлекување во еден нереален, маѓосен предел, во одразот на огледалото. Таму нив сонето огледало ги двои. Од една страна поетската атмосфера двата субјекта ги доведува во прегратка и на тој начин ги обединува, но истовремено низ одразот на огледалото (но внимавајте, тоа исто така е повлечено од реалноста во психолошките области, значи одразот е удвоен), ги двои. Овде нашиот поет како да се потсетува, како да нè потсетува на оние илуминантни стихови од народната лирика во кои заслепително одблеснува бајковитиот свет на девојката чие огледало коњот го откопува „с’ десна нога“.
Така е во поезијата, така е со поезијата драги читатели! Таа отсекогаш така работела, така нè пренесувала од с’клетната приземна реалност во прочистените духовни сфери.
Вистинската, побудена поезија."

По примерот на беспоштедната, но и покрај се', доминантно конструктивна критика содржана во освртот од Александар Ежов з...
25/02/2024

По примерот на беспоштедната, но и покрај се', доминантно конструктивна критика содржана во освртот од Александар Ежов за поетското остварување "Еден друг град" од В. Урошевиќ (1959), го споделуваме и освртот на Мето Јовановски за изведбата на комедијата "Бразда" од Коле Чашуле (1958).

13/02/2024

Разговор со Стефан Марковски, современ македонски писател, драматург и поет.

Беспоштедна рецензија на еден од влијателните македонски книжевни критичари Александар Ежов за стихозбирката „Еден друг ...
12/02/2024

Беспоштедна рецензија на еден од влијателните македонски книжевни критичари Александар Ежов за стихозбирката „Еден друг град“ од Влада Урошевиќ во бр.9-10 на „Современост“ од далечната 1959-та година, периодот на книжевните конфронтации.

08/02/2024

После неколку години успешно работење на списанието за литература, култура и уметност Современост, кое досега излегуваше четирипати годишно, комисијата при министерството за култура на Годишниот конкурс одлучи да ја сведе поддршката за објавување и промоција на списанието на 68 568 ден. за објавување два броја во тековната 2024-та година.

Редакцијата не може да ја сфати оваа "поддршка" поинаку освен како саботажа и недостоинсвен однос кон работата и функционирањето на првото македонско списание за литература кое постои од 1945-та година под името Нов ден, а од 1951-ва година до денешен ден опстојува како Современост.

28/01/2024

Тие дотолку веруваат дека позициите во ДПМ им припаѓаат токму ним што веќе дискутирале кои од традиционалните награди на Друштвото кому да се доделат во догледна и...

23/01/2024

Радован П. Цветковски е роден на 3 септември 1931 година во во с. Сопотница, Демирхисарско. Тој беше

11/01/2024

Вештачката интелигенција, иако моќна, не може да ја замени таа способност за внесување вистинска духовна музичка суштина во миксовите. Диџеите се магични културни ...

05/01/2024

Stanford Libraries' official online search tool for books, media, journals, databases, government documents and more.

06/12/2023

Утре (6 декември) од 18 часот, во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје ќе бидат промовирани првите два броја од меѓународното научно списание „Балкански хип-хо....

04/12/2023

Вкупно 34 статии на 150 страници се застапени во 4. број на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ кое неодамна излезе од печат. Бројот содржи 4 пр....

Address

Franklin Ruzvelt 8
Skopje
1000

Telephone

+38970745015

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Современост - списание за литература Modernity - literary magazine posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Современост - списание за литература Modernity - literary magazine:

Share

Category

Nearby media companies


Other Magazines in Skopje

Show All

You may also like