ПЗУ Сан-Мед Др.ЏЕФ

ПЗУ Сан-Мед Др.ЏЕФ Работно време двосменски
-од 08 до 16 часот
-од 12 до 19 часот
Населба Ченто, ул. Фуштанска бр. 3 - а, Скопје
(1)

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=672211081744175&id=100068658664857&mibextid=Nif5oz
30/12/2023

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=672211081744175&id=100068658664857&mibextid=Nif5oz

ЗА ЗДРАВИ ПРАЗНИЦИ - УМЕРЕНА И ВРАМНОТЕЖЕНА ИСХРАНА

Уживајте во празничните веселби со правилен избор на храна;

Вклучете сезонско овошје и зеленчук во секој оброк и ужина;

Изберете храна подоготвена на пареа или варена наместо пржена;

Изберете храна со најмалку сол;

Изберете пијалаци со помалку или без шеќер;

Не презаситувајте се.

https://bit.ly/3RDROoY

PËR FESTA TË SHËNDETSHME – USHQIM TË SHËNDETSHËM DHE TË BALANCUAR

Shijoni festat e fundvitit duke bërë zgjedhjen e duhur të ushqimit;

Mundohuni gjë me çdo vakët të konsumoni edhe fruta dhe perime të freskëta;

Në vend të usqimeve të skuqura, mundohuni që të konsumoni ushqime të gatuara në avull ose të ziera;

Konsumoni ushqime që përmbajnë më pak kripë;

Zgjidhni pije që kanë sasi më të vogla të sheqerit ose që nuk kanë aspak sheqer;

Mos e teproni me të ngrënit.

https://bit.ly/41INIke

Ноември – Месец на машко здравје Активностите во ноември – месецот на машко здравје, имаат за цел да ја кренат свесноста...
09/11/2023

Ноември – Месец на машко здравје
Активностите во ноември – месецот на машко здравје, имаат за цел да ја кренат свесноста за здравствените проблеми со кои се среќаваат сите мажи во текот на својот живот, како и за потенцијалните ризици и на кои работи треба да обрнат внимание за да ги избегнат несаканите последици кои следат со нив. Модерниот живот е полн со многу стрес, многу притисоци од општеството, со што им се нарушува и здравјето и квалитетот на нивниот живот. Исто така одредени состојби кои се најчесто превентабилни може да водат до предвремена смрт кај мажите, или пак сериозно да го компромитираат нивното здравје.

11/08/2023

ПЗУ Сан-Мед има потреба од медицинска сестра. Информации на телефон 070 584 348

Denes e svetski den na zdravjeto, a voedno i 75 ta godisnina na      #ЗдравјеЗаСите
07/04/2023

Denes e svetski den na zdravjeto, a voedno i 75 ta godisnina na #ЗдравјеЗаСите

Dragi nasi prijateli, drugari i rodnini Srekna Nova 2023 Godina, Vi posakuvame da ste zivi, zdravi, srekni, veseli i usp...
01/01/2023

Dragi nasi prijateli, drugari i rodnini Srekna Nova 2023 Godina, Vi posakuvame da ste zivi, zdravi, srekni, veseli i uspesni cel zivot 🧿

За долго славење на празниците со семејството во добро здравје и хармонија, намалете со сол во исхраната.Ви посакуваме с...
29/12/2022

За долго славење на празниците со семејството во добро здравје и хармонија, намалете со сол во исхраната.
Ви посакуваме среќни, здрави и „несолени" празници. https://bit.ly/3WOcc7J
-------------------------------------------
Për një festim të gjatë të festave me familjen në shëndet dhe harmoni, të reduktojë kripën në dietë
Institutit të Shëndetit Publik ju uron festa të gëzuara, të shëndetshme dhe "pa kripë". https://bit.ly/3VwkKiJ

Во Република Северна Македонија, дневна потрошувачка на сол по лице е 10,7 g. Според препораките на Светската здравствена организација (СЗО) и многу други научни тела ...

Што треба да знаеме за грипот и  КОВИД-19 и да бидеме спремни за ладната зима која ни престои 👨‍🍳
18/10/2022

Што треба да знаеме за грипот и КОВИД-19 и да бидеме спремни за ладната зима која ни престои 👨‍🍳

„Менталното здравје и благосостојбата за сите да се направи глобален приоритет“
10/10/2022

„Менталното здравје и благосостојбата за сите да се направи глобален приоритет“

„Менталното здравје и благосостојбата за сите да се направи глобален приоритет“   Менталното здравје е многу повеќе од недостаток на болест; тоа е и добросостојб....

17-ти Мај – Светски ден на хипертензија“Мерете го вашиот крвен притисок прецизно, контролирајте го, живејте подолго” Хип...
18/05/2022

17-ти Мај – Светски ден на хипертензија

“Мерете го вашиот крвен притисок прецизно, контролирајте го, живејте подолго”



Хипертензија претставува состојба во која крвниот притисок во артериите е покачен. Поради тоа срцето треба да работи понапорно за крвта да може да циркулира низ крвните садови. Се проценува дека 1,13 милијарди луѓе ширум светот имаат хипертензија, и тоа 1 од 4 мажи и 1 од 5 жени. Товарот на хипертензијата се чувствува несразмерно во земјите со низок и среден приход, каде што се наоѓаат две третини од случаите, главно поради зголемените фактори на ризик кај тие популации во последните децении. 46% од луѓето кои живеат со хипертензија не се свесни за нивната состојба, што ги става на ризик од бројни компликации што може да се избегнат, а само 21% од луѓето го држат крвниот притисок под контрола. Според податоците на СЗО, во 2018-та година, во Република Северна Македонија починале 535 лица од хипертензија, односно 2,89% од вкупните смртни случаи. Таа е петата по ред причина за смртност во нашата држава.

Една од глобалните цели за незаразните болести е да се намали преваленцата на хипертензијата за 33% помеѓу 2010 и 2030 година, преку сеопфатни скрининг програми. Оваа година, светскиот ден на Хипертензијата се прославува под мотото “Мерете го вашиот крвен притисок прецизно, контролирајте го, живејте подолго”.

Ризик факторите за појавување на хипертензија се делат во две групи:

Фактори на кои не може да се делува: возраст, раса, пол, фамилијарна историја.
Фактори на кои може да се делува: физичка неактивност, зголемена телесна тежина, внес на алкохол, тутун, зголемен внес на сол, стрес.
Хипертензијата се класифицира како:

Примарна, есенцијална хипертензија – од непознато потекло
Секундарна, неесенцијална хипертензија – која е поврзана со други медицински состојби како: болести на бубрезите, ендокриниот систем, крвните садови.


Артериската хипертензија се дефинира со вредности од ≥ 140/90 mmHg.

Покачениот крвен притисок ретко кога дава симптоми и најчесто се открива случајно при преглед. Најчесто пациентите се жалат на главоболка, вртоглавица, зуење во ушите, пореметен вид, несвестица.

Долготрајна и неконтролирана хипертензија го зголемува ризикот од бројни компликации како исхемична срцева болест, мозочен удар, периферна васкуларна болест, белодробна емболија. Таа е една од водечките причини за предвремена смрт кај популацијата, која може да се спречи.

Како да се контролира покачениот крвен притисок?

Редовна физичка активност
Здрава исхрана
Ограничување на внес на сол, до 5 мг
Ограничување на внес на алкохол
Откажување од пушење
Редовно мерење на крвниот притисок
Редновно земање на препишаната терапија
Редовни контроли на лекар

Подготвил
Оддел за здравствена промоција и следење на болести при
ЈЗУ-ИЈЗ на РСМ

https://www.who.int/health-topics/hypertension #:~:text=Hypertension%2C%20also%20known%20as%20high,pumps%20blood%20into%20the%20vessels.

https://www.worldlifeexpectancy.com/macedonia-hypertension

https://www.healthdata.org/macedonia

Analyze updated data about the world’s health levels and trends from 1990 to 2019 in this interactive tool using estimates from the Global Burden of Disease (GBD) study. Compare causes,...

PZU San-Med Skopje im go cestita 7 April - Svetski den na zdravjeto na svoite pacienti  so zelba za podobro zdravje, pod...
07/04/2022

PZU San-Med Skopje im go cestita 7 April - Svetski den na zdravjeto na svoite pacienti so zelba za podobro zdravje, podolg zivot, srekni denovi i uspeh na site polinja so poraka ,,Iscistete gi nasiot vozduh, voda i hrana,, 🌏

МАРТ  месец за подигање на свеста за рак на дебело цревоОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО СКРИНИНГОТ ЗА                    ...
17/03/2022

МАРТ месец за подигање на свеста за рак на дебело црево

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО СКРИНИНГОТ ЗА
КОЛОРЕКТАЛЕН КАРЦИНОМ

Скринингот е метод на секундарна превенција со цел за
рано откривање на ракот на дебелото црево и ректумот,
т.е. откривање на прекурзорите – аденомите и откривање
на колоректалниот карцином во ран, асимптоматски
стадиум кај здраво население со просечен ризик на
заболување.
Лицата со симптоми не се цел на скрингот и треба веднаш
да бидат упатени на соодветни дијагностички постапки.
Индивидуалниот степен-ниво на ризик зависи од возраста,
од личната и фамилијарната историја на секој поединец.

Лица со низок ризик
1. Лица на возраст под 50 години
2. Без лична историја за колоректални аденоми и воспалителна
цревна болест
3. Без фамилијарна историја за рак на колоректумот

Лица со просечен ризик
1. Лица на возраст од 50 години и повеќе
2. Без лична историја за колоректални аденоми и воспалителна
цревна болест
3. Без фамилијарна историја за рак на колоректумот
4. Индивидуи со афектирани роднини подалечни од прво колено се означуваат како лица со просечен ризик

Лица со умерен ризик
1. Еден или повеќе роднини од прво колено (родител, близнак,
деца) со историја за кoлоректален карцином
2. Лична историја за колоректален аденоматозен полип
Лица со висок ризик
3. Јасна фамилијарна историја за колоректален карцином со
повеќе афектирани лица
4. Фамилијарна историја за наследен неполипозен колоректален карцином или за фамилијарна аденоматозна полипоза
5. Лична историја за воспалително цревно заболување.

Расположливи скрининг методи
1. Тест на фекално окултно крвавење, FOBT
2. Флексибилна сигмоидоскопија на секои 5 години
3. Двојноконтрастна иригографија на секои 5 години
4. Колоноскопија на секои 10 години
5. КТ колонографија (виртуелна колоноскоп

30/01/2022
01/01/2022

PZU San - Med, Skopje Vi cestita Nova 2022 Godina i vi posakuva da ste zivi i zdravi, veseli i radosni, srekni i uspesni
🍾🍷🕊🍀🧿

30/12/2021

ПРЕПОРАКИ ЗА ЗДРАВА ПРАЗНИЧНА ИСХРАНА
Ова е време за семејството, за веселби и за храна, многу храна. Забавите и патувањата ги нарушуваат секојдневните рутини, а сето тоа трае со недели. Но, сепак, здравјето треба да е приоритет. Со цел спречување на потенцијални здравствени проблеми, треба да сме попретпазливи со внесот на храна за време на новогодишните празници.Треба да се избере и понуди таква храна, со која, колку што е можно, ќе се придржуваме до здравата храна што вообичаено би ја избрале.

Пребирливоста не е маана во овој период. Не јадете сè на гозбите и забавите. Не прескокнувајте оброци за да јадете за време на гозбата или забавата. Така ќе е потешко да го контролирате шеќерот во крвта, ќе бидете навистина гладни и веројатно вечерта ќе се прејадете. Одделете 30-45 минути за пешачење. Јадете ниско-калорична храна за време на поголемиот број на оброци овие денови. Јадете блиску до вообичаеното време за оброк за да го одржувате шеќерот во крвта на стабилно ниво. Ако вашиот оброк се служи подоцна од вообичаеното, јадете мала закуска во вообичаеното време за да јадете помалку кога се служи оброкот на настанот на кој присуствувате. Избегнувајте пржена храна, наместо таква, подгответе или изберете да јадете варена или храна печена во фурна. Избегнувајте го пиењето алкохол, особено доколку пиете лекови бидејќи многу често алкохолот стапува со содејство со лековите. Доколку сепак консумирате алкохол, количината треба да е умерена и да не е на гладно. Алкохолот го зголемува Вашиот апетит и ја намалува способноста за контрола над тоа што го јадете.
Ако на менито има слатка храна, намалете ги другите јаглехидрати (како компири и леб) за време на оброкот. Избегнувајте ги засладените газирани пијалаци, не се залажувајте дека ќе ви помогнат за варење на веќе внесената голема количина храна. Јадете полека. Потребни се најмалку 20 минути за вашиот мозок да сфати дека сте сити.

Намалениот сон, може да го отежне справувањето со шеќерот во крвта, а заради недоволното спиење, ќе ви се зголеми желбата за внес на храна богата со масти и шеќери. За да се заштитите од нерационален внес на храна, потрудете се да спиете меѓу 6 и 8 часа навечер.

Фокусирајте се повеќе на забавата, а помалку на храната.

И секако, сè уште живееме во пандемија, а присуството на варијанта со голема преносливост, како омикрон, не ни помага. Затоа, би било добро да избереме начин на прославување со кој ќе може да уживаме во храната, а во исто време да не го загрозиме своето и здравјето на нашите сакани.

ПЗУ Сан-Мед Скопје Ви посакува среќни и здрави празници.

Da se prevenira mozocen udar !
19/12/2021

Da se prevenira mozocen udar !

Мозочниот удар е често, живото-загрозувачко заболување. Само мал број од преживеаните пациенти се во можност да водат нормален живот по лекувањето, додека другите ....

Dobar den i ubav den na site prijateli, eve nekolku preporaki kako polesno da se prebrodat problemite koi ni gi napravi ...
09/10/2021

Dobar den i ubav den na site prijateli, eve nekolku preporaki kako polesno da se prebrodat problemite koi ni gi napravi Covid - 19

21/08/2021

Posle 18 meseci makotrpna borba so Covid-19 edinstven spas ni e vakcinata.
Pocituvajte gi protokolite i vakcinirajte se 👨‍🍳

29/07/2021

Ризикот од исцрпеност од топлина или топлотен удар е најголем кога поминувате долго време на силна сончева светлина или додека вежбате во текот на тропските денови.
Тропските температури носат низа проблеми со себе – односно, долгиот престој на сонце и високи температури лесно може да доведат до сончаница, исцрпеност од топлина или топлотен удар. Еве како да ги препознаете овие услови и како да реагирате во такви околности.

Кои се симптомите на исцрпеност од топлина (сончаница)?

Веб-страницата на Националната здравствена служба на Велика Британија (НХС) содржи неколку симптоми кои укажуваат на фактот дека има исцрпеност од топлина.

главоболка

вртоглавица и конфузија

губење на апетит и гадење

прекумерно потење

грчеви во рацете, нозете и стомакот

брзо дишење или пулс

висока температура (од 38 степени и погоре)

изразена жед

Сите наведени симптоми се исти и кај возрасните и кај децата, а што се однесува до децата тие може почесто да бидат поспани и без никаква сила.

Сончаницата се јавува кај луѓе кои многу се потат, како резултат на недостаток на сол, губење на течности или комбинација од двете.

Како да му помогнете на некој што штотуку страдал од исцрпеност од топлина?

Доколку некој покаже неколку од горенаведените симптоми, потребно е веднаш да го оладите, согласно „NHS“ и ве советуваат да ги направите следниве 4 чекори:

Пренесете го лицето на ладно место

Потребно е да биде легнато и малку да му бидат поткренати нозете

Нека се напие вода и продолжи да пие

Изладете им ја кожата – испрскајте ги или ставете сунѓер натопен во ладна вода. Ладна облога околу вратот и пазувите се исто така добра опција

Останете со нив додека не станат подобри, а тоа треба да се случи во рок од 30 минути.

1. Kako protiv toplotniot bran 🌞2. Zdravstveni preporaki za toploto vreme na Covid -19 ☀️
23/06/2021

1. Kako protiv toplotniot bran 🌞
2. Zdravstveni preporaki za toploto vreme na Covid -19 ☀️

31/05/2021
Пораки до граѓаните за почитување на епидемиолошките мерки и сочувување на здравјето за претстојните празници .
25/04/2021

Пораки до граѓаните за почитување на епидемиолошките мерки и сочувување на здравјето за претстојните празници .

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ПЗУ Сан-Мед Др.ЏЕФ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to ПЗУ Сан-Мед Др.ЏЕФ:

Videos

Share

Nearby media companies