Vecer Press 1

Vecer Press 1 Вечер, дневен весник основан 1963 година
http://vecer.press

Основоположници на новиот весник беа Панче Михајлов, Јордан Ивановски, Милчо Коцев, Борис Поп Ѓорчев, Мирко Миронски, Славко Маринковиќ и Цветан Станоевски.

На 11 Ноември 1963 година излезе од печат првиот број на првиот вечерен катадневен информативен весник на НИП "Нова Македонија" - ВЕЧЕР наменет за брзо, кусо и јасно информирање за се она што се случува кај нас и во светот.

Првиот број на ВЕ

ЧЕР е отпечатен на 16 страници - половичен формат од стандардниот формат на Нова Македонијаа. Во првиот број на ВЕЧЕР се објавени вкупно 82 текстови и 31 фотографија. Првиот новинарски состав беше составен од 35-мина вработени. (Како карикатуристот Дарко Марковиќ ја виде работната атмосфера во ВЕЧЕР 1964 год)


Ексклузивна изјава на нобеловецот Иво Андриќ за првиот број на ВЕЧЕР:
"Со Среќа
Веста за земјотресот во Скопје ме стигна далеку од земјата и на малку чуден начин. Бев на север на Шведска, далеку над поларниот појас, во рударскиот центар во градот Курина.

Попладнето ме повика на телефон тамошниот дописник на еден стохломски весник. Извинувајќи се, ми рече дека сака да разговара со мене за - Скопје. Бидејќи ништо не знаев за она што се случило, тој со големо внимание ми ги соопшти сите оние први и непотврдени вести. Бев толку поразен, и толку збунет што не знаев што да му кажам. Пред да успеам да се соземам, почнав да добивам нови телефонски покани од други новинари. Вестите беа страшни. Градот е срамнет со земја. Бројот на мртвите околу сто илјади. И слично.

Настојував да им кажам што повеќе за Македонија и за нејзиниот главен град. Кога останав сам, веднаш помислив утре со првиот авион да се вратам во земјата. Тешка беше таа ноќ на далечниот Север, полна со неизвесност и мачни мисли. Во сеќавањето постојано си ги претставував Скопје, неговите улици и најубавите згради во нив. Пред очи ми излегуваа редум лицата на моите другари скопски писатели. Се прашував што се случило со нив. Се ми изгледаше како неподнослива загуба, како подмолен удар на судбината, која паѓа толку потешко, колку што човек е подалеку од својата земја. Вистински кошмар.
Утредента добив телефонска врска со нашата амбасада во Стокхолм. Разговорот малку ме успокои.

На враќање се задржав во Данска, во Копенхаген. Тука имав можност во нашата амбасада да се сретнам со дански писатели, новинари и уметници. Најмногу се зборуваше за Скопје. Настојувавме да им објасниме што значи за нас Македонија и нејзиниот главен град, какви се' културни напори вложи тој народ во ослободителната војна итн итн.
Морам да кажам дека сите луѓе, културни работници и новинари со кои доаѓав во допир во Шведска и Данска покажуваа големо сочуство со внимание и разбирање слушаа податоци за Скопје и неговите загуби и им даваа место во своите весници, на радиото итн. Сите сакаа да му помогнат на Скопје. И навистина помогнаа морално и материјално.
Сето тоа дејствуваше како олеснение во тие неколку мачни денови на враќање во земјатa".

Address

Mito Hadzivasilev Jasmin Bb
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Vecer Press 1 posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Vecer Press 1:

Share


Other Media/News Companies in Skopje

Show All