Призма

Призма Истражуваме, не препишуваме.
(1)

Призма е првата интернет-страница во Македонија наменета за промоција и јакнење на истражувачкото новинарство и соработката помеѓу граѓанскиот сектор и новинарите.
Призма е место на кое се објавуваат истражувачки стории, анализи, извештаи, репортажи, новости од граѓанските организации и интервјуа на теми од заеднички интерес за медиумите и граѓанскиот сектор, како и за пошироката јавност.

Призма

е и место на кое се создаваат и одржуваат мрежи на уредници, новинари, медиуми, како и невладини организации со цел нивна потесна соработка, но и размена на информации и алатки за што појасно информирање на јавноста. Призма е единствената медиумска платформа која ги обединува и активно ги вклучува новинарите, невладините организации и јавноста во Македонија.

Интернет-страницата постои од октомври 2013 година и е иницирана во рамки на Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор дел од програмата на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија. Тимот на Призма при објавување се води пред се според новинарскиот етички кодекс и светските новинарски стандарди.

Помогнете ни во истражувањето 🤝📌 БИРН истражува колкав е обемот на овој проблем. Прашалникот е наменет за родители и ста...
15/01/2025

Помогнете ни во истражувањето 🤝

📌 БИРН истражува колкав е обемот на овој проблем. Прашалникот е наменет за родители и старатели на деца на претшколска возраст, кои во последните три години имале тешкотии да најдат место или воопшто не нашле место во градинките. Тој е целосно анонимен, а одговорите се безбедни и шифрирани. БИРН нема да објави никакви лични податоци без претходна согласност.

Прашалникот е достапен на линкот 👇

БИРН истражува колкав е проблемот со недостигот на градинки во Македонија и како се справуваат семејствата со тоа

Требаше да трае 13 години, во кои конзорциумот предводен од „Кресцент“ ќе инвестираше, а за возврат општината месечно ќе...
15/01/2025

Требаше да трае 13 години, во кои конзорциумот предводен од „Кресцент“ ќе инвестираше, а за возврат општината месечно ќе им исплаќаше 72,5 отсто од комуналната такса за јавно осветлување.

Но, на трети јуни, договорот го поништува Муцунски, кој во тој период сè уште е прв човек на општината. Тој носи одлука за еднострано раскинување поради неисполнување на обврските од страна на приватниот партнер.

Прочитајте што вклучуваше договорот: https://prizma.mk/ponishten-dogovorot-za-smart-aerodrom/

„Има и такви што поддржуваат и самите ѕверски убиваат бидејќи тоа е единствениот начин да ги задушат демоните во своите ...
15/01/2025

„Има и такви што поддржуваат и самите ѕверски убиваат бидејќи тоа е единствениот начин да ги задушат демоните во своите души: белези од трауми што привремено престануваат да болат кога ќе направат нови ѕверства и нови трауми некому друг.“ https://prizma.mk/kolumni/moralot-na-gnojot-za-kucheto-feliks/

Денеска е последен ден од т.н. „новогодишната кошничка“ со која беше ограничена маржата на над 1000 производи. Од утре п...
14/01/2025

Денеска е последен ден од т.н. „новогодишната кошничка“ со која беше ограничена маржата на над 1000 производи. Од утре престанува да важи со што е можно повторно поскапување. БИРН анализираше како поскапеа серија производи во периодот од 2021 до 2024-та. Најголемиот раст на цени може да се забележи кај свежото месо и кај млечните производи. Производите од овие категории што ги анализиравме во поевтиниот маркет поскапеле од 15 до 40%, а во поскапиот маркет цените им се зголемени од 40 до 60 %.

Прочитајте повеќе: https://bit.ly/Hranata-i-osnovnite-produkti-stanuvaat-luksuz

Договорот за јавно-приватно партнерство вреден десет милиони евра требаше да трае 13 години, во кои конзорциумот предвод...
14/01/2025

Договорот за јавно-приватно партнерство вреден десет милиони евра требаше да трае 13 години, во кои конзорциумот предводен од белгиската „Кресцент“ ќе инвестираше, а за возврат општината месечно ќе им исплаќаше 72,5 отсто од комуналната такса за јавно осветлување. Со договорот се предвидуваше во општината да се постави лед-осветлување со кое ќе се намалат сметките за струја, потоа да се обезбеди систем за изнајмување електрични тротинети и велосипеди, да се постават дигитални информативни дисплеи и да има бесплатни зони за интернет и полначи за електрични автомобили.

Прочитајте повеќе:

Конзорциумот не доставил банкарска гаранција

Судот ја ослободи од вина поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за случајот „Тврдина“ за уништ...
14/01/2025

Судот ја ослободи од вина поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за случајот „Тврдина“ за уништување на опрема за прислушкување во УБК. Претходно поради измените на Кривичниот законик во овој случај му застари делото на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Судот одреди затворски казни само функционерите на УБК кои се во бегство, Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Во 2023-та пишувавме како законските измени влијаеа на случајот, прочитајте: https://bit.ly/Target-Tvrdina-se-urna-Mijalkov-nepovreden

Во една од пресудите од 2019 година, која се однесува на криволовство на заштитен дивеч, пишува дека тројца обвинети нео...
14/01/2025

Во една од пресудите од 2019 година, која се однесува на криволовство на заштитен дивеч, пишува дека тројца обвинети неовластено ловеле во забрането ловиште и без дозвола, „застрелале и убиле висок и проретчен дивеч – три дивокози – дивокоза со две младенчиња, со што го оштетиле концесионерот Здружение на ловци Тиквешија од Кавадарци“, пишува во пресудата.

За ова обвинетите биле осудени на условни казни затвор од по четири месеци.

Прочитајте повеќе за криволовот низ правосудството : https://bit.ly/Kirvolovot-niy-pravosudstvoto-Pukaj-si-plati-si

„И втората работа (суштински првата) е да ги подобриме односите до максимална можна мерка со нашите соседи. Затоа што ак...
14/01/2025

„И втората работа (суштински првата) е да ги подобриме односите до максимална можна мерка со нашите соседи. Затоа што ако САД прават вакви преседани со Канада, Данска и Панама, што би ги спречило тогаш нашите соседи да ги истакнат своите аспирации кон Македонија или кон делови на нејзината територија? Да не се залажуваме, не постојат само „светски силеџии“ што ги тераат работите по свој терк. Постојат и „регионални силеџии“ што по истиот терк можат да ги истакнат своите „економски и одбранбени“ интереси. Особено ако утре се разбудиме во свет каков што не го познававме досега“ #колумна https://prizma.mk/kolumni/grenland-daleku-a-blisku/

Анализата на БИРН покажа дека во продавниците ретко може да се најдат продукти што не се поскапи од пред три години, без...
13/01/2025

Анализата на БИРН покажа дека во продавниците ретко може да се најдат продукти што не се поскапи од пред три години, без разлика дали пазарите во поевтиниот или во поскапиот маркет.

Најголемиот раст на цени може да се забележи кај свежото месо и кај млечните производи. Производите од овие категории што ги анализиравме во поевтиниот маркет поскапеле од 15 до 40 отсто, а во поскапиот маркет цените им се зголемени од 40 до 60 отсто.

Прочитајте повеќе: https://bit.ly/Hranata-i-osnovnite-produkti-stanuvaat-luksuz

Судскиот совет постои речиси исто колку што е независна државата. Најголемиот дел од нејзиното постоење е под критика де...
13/01/2025

Судскиот совет постои речиси исто колку што е независна државата. Најголемиот дел од нејзиното постоење е под критика дека е политички „инфицирана“ институција. Па така, наместо истакнати правници, прима „истакнати“ кадри од партиите, а тоа се одразува и врз регрутирањето кадри во судовите.

На темата зборувавме со новиот претседател на Судскиот совет, Александар Камбовски : https://prizma.mk/kambovski-sudiite-ne-chuvstvuvaat-deka-sudskiot-sovet-dovolno-gi-shtiti/

По трагите на тоа дали и колку се ловат криволовците кај нас, БИРН анализираше пресуди за незаконски лов во изминатите п...
13/01/2025

По трагите на тоа дали и колку се ловат криволовците кај нас, БИРН анализираше пресуди за незаконски лов во изминатите пет години. Анализата покажа дека за тој период објавени се педесетина. Казните се условни или парични глоби.
Mалубројни се случаите што завршуваат со пресуда, споредено со бројот на пријави и со подигнати обвиненија. Прочитајте повеќе:

#лов #Дранго #мечка #директор #криволов

Само двајца ловни инспектори има во државата, покажуваат податоците од Државниот инспекторат за шумарство и ловство.

„За Гренланд не се рамнодушни само „заинтересираните“ страни, во случајов ЕУ, Данска и САД, туку првенствено Русија и Ки...
13/01/2025

„За Гренланд не се рамнодушни само „заинтересираните“ страни, во случајов ЕУ, Данска и САД, туку првенствено Русија и Кина, кои се присутни на Арктикот, а се разбира и целиот НАТО пакт. Доналд Трамп е „виновникот“ што светот се заинтересира за Гренланд и во 2019 година, кога Трамп, по принципот „колку да чини, нека чини“ понуди да го откупи Гренланд од Данска. Тогаш Данска цинично и отсечно го одби („не е на продажба“), веројатно не сфаќајќи ја сериозно американската понуда.“ #колумна

Не постојат само „светски силеџии“ што ги тераат работите по свој терк, постојат и „регионални силеџии“

13/01/2025

Сега е време кога лопатките, алатите, а можеби и синџирите кои се чуваат во багажниците на автомобилите, оставите и подрумите ќе најдат примена. За откопување на возилата од снег и расчистување на приодите до зградите и куќите. А за улиците таква примена треба да најдат тендерите за чистење на снег и зимско одржување кои ги склучија општините и државните институции во износ од над 3,5 милиони евра. Прочитајте повеќе за тоа на линкот во коментар 👇

„Во современите демократии не постои поседовен лист или специјална „органска“ предодредност за постојан престој на некој...
12/01/2025

„Во современите демократии не постои поседовен лист или специјална „органска“ предодредност за постојан престој на некоја партија во власта. Тоа што ДУИ сака да си бетонира таква позиција, и по своја мера да си дизајнира култен статус во непрекината власт, или да го „ремети“ општеството ако не успее во тоа – е патолошка девијација.“ #колумна https://prizma.mk/kolumni/letot-na-moletsot/

Дури третина од овие пари се за еден тендер – за набавка на индустриската сол што ќе се фрла по државните патишта. Нешто...
12/01/2025

Дури третина од овие пари се за еден тендер – за набавка на индустриската сол што ќе се фрла по државните патишта. Нешто над милион евра се предвидени за справување со мразот и снегот на скопските улици, додека остатокот е планиран за набавка на ризла за државните и за одржување на проодноста на локалните патишта надвор од Скопје.

Сумата, сепак, ќе расте, бидејќи се чека изборот на најдобар понудувач за уште 13 тендери, кои се во тек

Прочитајте повеќе:

Сумата ќе расте, сè уште нема поминато големиот тендер за механизација

12/01/2025

Дали прошетавте на снегот? Како сте задоволни од проодноста на улиците?

„Тука доаѓаме до затруеното ткиво на ова општество. Прво, постои група луѓе во оваа држава што сметаат дека животот на е...
12/01/2025

„Тука доаѓаме до затруеното ткиво на ова општество. Прво, постои група луѓе во оваа држава што сметаат дека животот на едно куче вреди помалку од едно уринирање на приватен имот. Има такви што веднаш прашаа дали кучето се измочало на приватниот имот на „господинот“ Љубе, небаре тапија и нешто пари за парче земја е поважно од еден живот“ https://prizma.mk/kolumni/moralot-na-gnojot-za-kucheto-feliks/ #колумна

Во најголемата хотелиерска компанија во земјата, „Македонија турист“, акционерите ќе одржат вонредно собрание за промена...
11/01/2025

Во најголемата хотелиерска компанија во земјата, „Македонија турист“, акционерите ќе одржат вонредно собрание за промена на управувачките одбори. Собранието ќе се одржи на барање на сега најголемиот акционер, „Скопски пазар“. БИРН пишуваше за стравувањата на јавноста за судбината на зградите-обележја на главниот град, некогашните хотели „Бристол“ и „Јадран“ (Арапска куќа) по влезот на новите акционери кои доаѓаат од градежниот бизнис. Прочитајте: https://bit.ly/Koga-kulturnoto-nasledstvo-ke-se-sretne-so-gradeznata-masinerija

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Призма posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Призма:

Share