Почетокот е маалски, скопски, скромен, но се води од вербата дека низ овие улици се крие нешто универзумско, нешто што вреди да ги надмине границите на градот, на државата, на планетата!
Jazz Fortnight е попатна станица. Место од каде поаѓа импровизацијата и местото каде ги пречекуваме странците...
Второ подглавје;
Инспирирани од одличните музички изданија и топлиот прием од публиката решивме да ја прошириме приказната.
Го промовираме најдоброто од домашната џез сцена, овој пат со поголем предизвик; многу концерти на различни локации низ Македонија!
ПРОГРАМА
20 март | Дом на млади Штип | Сашо Поповски Трио и Зулу 3.4
21 март | Public Room Скопје | Иван Иванов Квартет
22 март | Public Room Скопје | Сашо Поповски Трио
23 март | Public Room Скопје | Брама Трио
24 март | Public Room Скопје | Зулу 3.4
26 март | Podroom Куманово | Иван Иванов Квартет
27 март | Podroom Куманово | Симон Киселички Трио
28 март | Porta Jazz Битола | Иван Иванов Квартет
29 март | Bar "37" - Kavadarci | Сашо Поповски Трио
29 март | Porta Jazz Битола | Симон Киселички Трио
29 март | Take Five Прилеп | [откриваме наскоро]
30 март | Take Five Прилеп | [откриваме наскоро]
30 март | Bar "37" - Kavadarci | [откриваме наскоро]
02 април | КОТУР Скопје | Џоле Груjoвски
03 април | КОТУР Скопје | Симон Киселички Трио
МУЗИКА
https://jazzfortnight.bandcamp.com/
БИЛЕТИ
Штип - Билетара на Дом на млади Штип
Скопје Public Room - Продажна мрежа на MkTicketsts и Karti.com.mk
Куманово - Продажба во Podroom
Битола - Продажба во Porta Jazz
Кавадарци - Бесплатен влез благодарение на Кожувчанка и Наше Македонско пиво
Скопје Котур - Продажба во КОТУР
АРТИСТИ
Saso Popovski
САШО ПОПОВСКИ е џез музичар од четвртата генерација македонски уметници, професор на музичката академија на Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип – Џез Оддел, композитор и педагог со главен инструмент на гитара. Современиот џез со елементи на традиционална македонска музика ја прави неговата музика уникатен и добро познат учесник на музички сцени во Европа. Повеќе од 20 години на сцената преку разни проекти соработуваше со многу уметници и издаде 3 џез албуми и неколку соло композиции.
Ivan Ivanov
ИВАН ИВАНОВ е припадник на младата генерација на џез артисти, кој своето музичко образование го стекнува надвор од земјата. Композициите напишани од Иванов покажуваат своја автентичност и структурна комплексност што е веќе докажана на неговиот прв албум „Wild Flower“ издаден од Skopje Jazz Festival Records. Во новиот проект станува збор за fusion jazz односно комбинација на динамична џез хармонија со импровизирани funk и други елементи од различни музчки правци.
Simon Kiselicki / Симон Киселички
СИМОН КИСЕЛИЧКИ, доајен на македонската џез сцена. Патникот кој изминативе две години ги помина патувајќи низ безброј градови по континентот, раскажувајќи ја приказната создадена со децениска творба низ дирките од своето пијано.
Досега необјавен албум што 10 години е сокриен од јавноста „ Jamajla “ кој скопската публика веќе имаше можност да го чуе на промоцијата.
Djole Grujovski
ЏОЛЕ ГРУЈОВСКИ е џез гитарист, композитор и продуцент. Класична гитара изучува од својата 10 година и паралелно пројавува интерес кон џез музиката. По студиите во Софија, се враќа во Скопје и почнува да работи како гитарист во Биг бендот на Македонската радио телевизија. Во меѓувреме активно свири во многу џез и рок бендови во Македонија и Југославија со кои издава и албуми и остварува многу турнеи и настапи во Европа. Секако , по долгогодишната импозантна кариера „Reflections“ е можеби најдрагото најново достигнување кое се запишува зад неговото име.
Zulu 3.4
ЗУЛУ 3.4 е инструментален бенд од Скопје, формиран од страна на Дамјан Даневски и Марио Симоновски во март 2018 година. Музиката е фузија од повеќе стилови и најава за генерацијата што доаѓа.
Aleksandar Dziger Vancovski
БРАМА ТРИО е нов проект воден од Александар Ванчовски. Албумот кој го најавуваме за април 2019 ќе биде за прв пат изведен во склоп на овогодишниот фестивал.
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА
https://www.facebook.com/JazzFortnight
https://www.instagram.com/jazzfortnight/
https://jazzfortnight.com/
Наскоро најавуваме уште по некое изненадување. Следете не...