Односите со соседите, ЕУ перспективите на регионот, Преспанскиот договор, теми во 24 Анализа.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денешната прва билатерална средба со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис ја оцени како одлична, позитивна и конструктивна.
Националниот совет за развој е одлична платформа да се учествува во визијата и во реализација на она што претставува стратешка цел на државата и за тоа е потребно да се создаде патоказ и визија за чекорите во периодот 2024 - 2044 година, истакна премиерот Христијан Мицкоски, на денешната втора седница на Националниот совет за развој, на која присуствуваше амбасадорот на Оединетото Кралство, Метју Лосон, како и претставниците на Обединети Нации и УНДП, Рита Колумбиа и Армен Григорјан.
Граѓаните кои протестираа против Регулаторната комисија за енергетика и плаќаа за услуга која не ја користат, во случајот парно греење, добија 350 пресуди во нивна корист од судот во Стразбур. На оваа тема денеска се разговараше во Аргумент плус, а Марјан Ненов од Но пасаран, здружението кое организираше протести обвини дека позади сето тоа се криел организиран криминал. Во моментов членови на ова здружение водат судски постапки за злоупотреба на нивните лични податоци.
Фериде Хаџиу од коалицијата ВЛЕН го критикуваше враќањето на споменикот на Андон Лазов-Ќосето.
Увезен ориз се продава во маркетите како кочански, алармираат оризопроизводителите. Тие реагираат дека импортираниот ориз од земјите од далечниот Исток го руши квалитетот на кочанското “бело злато“ и бараат Инспекторатот да излезе на терен и да го провери квалитетот за да се спречи како што велат, овој криминал.
И додека Законот за бранители останува заглавен во Комисијата за социјална политика демографија и млади, поличките препукувања и надмудрувања продолжуваат.
Македонија утре прв пат формално учествува на Советот за општи работи во Брисел - но со кои адути ќе настапи?
Поефтин гас за индустријата и домаќинствата во земјава ќе донесе почетокот на работата на терминалот за течен природен гас во грчки Александрополис.
По одморите, забележано е благо покачување на интересот за вакцинирање против сипаница и со дитепер вакцина.
Огромно незадоволство во Советот на СОНК, во 11 точки, преточени во констатации и заклучоци. Советот констатира дека доколку до крајот на месецов не бидат исполнети нивните барања за усогласување на платите во основно и средно образование ќе ги активираат како што велат најрадикалните синдикални мерки.
Одлуката за Есенската потошувачка кошничка денеска ќе биде објавена во службен весник, потврдија од владината пресс служба. Со ова мерката на владата за поевтини прехрамбени производи од утре треба да стапи на сила.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања за екс претседателот Стево Пендаровски дека дека манипулира со граѓаните и глуми лажна скромност. Според нив два месеци откако Пендаровски заминал oд функцијата, побарал покрај 3-те редовно ангажирани лица, да му се одобрат финансиски средства за ангажирање на 4-то лице.
Полноправното членство во Европската унија, соработката на поле на одбраната во рамките на НАТО Алијансата и продлабочување на регионалната соработка, се заедничките цели на Македонија и Албанија-изјави денеска претседателот на македонското Собрание Африм Гаши и неговата колешка претседателката на албанското Собрание Елиса Спиропали на денешната прва официјална посета.
Муцунски - Герапетритис на прва билатерална средба на шефовите на диполматиите на маргините на Генералното собрание на ОН на која според информациите од МНР ќе се разговара за најактуелни регионални и меѓународни теми, како и за понатамошно продлабочување на билатералните односи и економската соработка помеѓу двете земји“.
Протести пред Собрание и пред Влада - за да се дојде до закон или уставни измени за легитимитет, ова го најави за ТВ 24 лидерот на ДУИ Али Ахмети. Лидерот на ДУИ во разговор за ТВ 24 ги отфрла сите идии за канитионизација и федерализација на Македонија и тврди дека за него е светост Охридскиот договор, а тој не е анархист.
Мандатарот кој и да биде мора да ја почитува волјата на втората најголема заедница во земјава, и тоа да биде облигаторно.
Адолесценцијата и младата зрелост се критично важни фази од животот за менталното здравје и благосостојбата на поединците. Родителите, наставниците и психолозите имаат клучна улога во развојот на младата личност и оттука мора активно да се вклучат во нивните животи, навики, проблеми - вели за Студио 10 психологот Емилија Бошковска. Според неа, треба многу и отворено да се разговара со младите за сите состојби во кои ќе се најдат ни нивниот развој.
Во Македонија има многу талентирани деца кои сакаат да музицираат. Мандолината повторно станува интересен инструмент за младата популација - вели за Студио 10 професорот и диригент Ерхан Шукри кој го води и Мандолинскиот оркестарСкопје, а повеќе од дваесет години и гудачкиот камерен оркестар Арко. Според професорот потребна е поголема институционална поддршка, како и да се најде начин музицирањето повеќе да се вклучи во образовниот систем од најрана возраст.
Стево Пендаровски лажно се претставува за скромен, а всушност бара повеќе од тоа што претходно најавуваше, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ. Според партијата, поранешниот претседател, манипулирал со граѓаните со најавите дека во својот кабинет за поддршка ќе ангажира само 3 лица.