Тимот – креатор на порталот „Човекот пред сè“ е создаден од поединци кои го гледаат светот на ист начин, преку призмата на човекот и неговата моќ!
Идејата за антропоцентрично општество, со човекот како централна фигура е она што ни беше „spiritus movens“ при креирање на овој портал и понатаму е ѕвезда водилка на нашето дејствување. Човекот е основната ќелија на секое општество. За човекот да биде
вистински дел од општеството во кое ќе си ги обезбеди својата иднина и развој, потребни му се квалитетно образование, квалитетна здравствена заштита и секако здрав и чесен разум кој ќе обезбеди иднина токму во земјата од којашто потекнува. Ние граѓаните на Република Македонија имајќи ги прекрасните климатски услови, прекрасните води и планини, каде може да се развијат сите гранки од виталното значење за нашето опстојување, а тоа се земјоделието и сточарството се она на што треба да го темелиме нашиот натамошен развој. Се зависи од нас. Почитувани, ова е личен став на Трифун Костовски.
Преку рубриките на порталот нудиме можност секој да учествува со своите идеи и предлози и секако своето искуство само во интерес за креирање на поубава, просперитетна и безбедна држава. Во поединецот е силата. За прв пат кај нас промовираме концепт на компаративна анализа на поединечни ставови на власта и опозицијата како и нивна добронамерна критика од страна на еден од најуспешните бизнисмени во Македонија – Трифун Костовски.
Како иновативен концепт, нашиот портал содржи рубрика „Луѓе“ каде што секој слободно ќе може да се изрази, да сподели мислења и ставови, предлози, искуства и приказни … Се со една цел – кревање на пиедестал на основната клетка на секое општество – човекот.
Дел од нашето дејствување е и делот наречен „Оштетени од системот“ во кој се споделени реални ситуации, каде што граѓаните биле директно оштетени или не биле заштитени од институциите на државата во Македонија и поради тоа страдале самите тие, нивните бизниси и семејствата.
Заедно со останатите рубрики коишто се посветени на различните видови на образование, култура, историја на влијателни семејства, екологија и други содржини, овој портал е пионер во своето делување!
Основните вредности на кои се темели нашата работа се: чесност, достоинство, слобода на изразување, без говор на омраза, лојалност, љубов кон татковината и сите сограѓани, со посебен акцент на општествена одговорност и филантропија.
Следете не, имаме што да покажеме!