Dnevni Novosti

Dnevni Novosti Вашиот дневен фејсбук информатор, агрегат на најважните и најглавните вести, како и најинтересните

Дневни Новости е хумористичен портал кој нуди видеа за забава и хумор

22/09/2024

...

20/09/2024

19/09/2024

...

18/09/2024
18/09/2024

18/09/2024

18/09/2024

ДЕМОКРАТИ: Бараме од Уставниот суд да ја укине алатката „балансер“ за вработување

Најголема штета по економија и државата е кога се употребува алатката „балансер“ за вработување во јавните институции и установи, по етничка припадност.

Фамозниот „балансер“ му овозможува на националните криминални партии да си ги вработуваат своите членови, поддржувачи, лепачи на плакати и послушници, на база на етничка припадност и истите да бидат нивни слепи послушници и гласачи.

ДЕМОКРАТИ се залагаат единствен услов за вработување да биде професионалноста, стручноста и искуството, а не етничката или партиската припадност!

17/09/2024
13/09/2024

ДЕМОКРАТИ: Oд „никогаш Северна“ до „гордо Северна“ – Двојните стандарди на ДПНЕ

Пред само неколку месеци, ДПНЕ и неговите челници беа гласни и бескомпромисни во одбраната на ставот дека придавката "Северна“ никогаш нема да биде прифатена." Патриотскиот институт "на ДПНЕ, предводен од Пандов, беше јасен во своите закани дека „секој што ќе изговори Северна ќе биде нападнат јавно и исфрлен од партијата“.
Овој став беше многупати повторуван од страна на челниците на партијата, кои го користеа како основа за мобилизација на своето членство и поддржувачи.

Но, што се случи откако ДПНЕ дојде на власт? Дали се одржаа на своите принципи или пак, се свртеа кон истиот пат по кој чекореа оние кои до вчера ги нарекуваа „предавници на македонскиот народ“?

Последните настани јасно покажуваат дека ДПНЕ се наоѓа во состојба на сериозна морална и идеолошка криза. Прво, министерката за образование, Јаневска, јавно го изговори „Северна Македонија“, па дури и сама се поправи, но суштината останува.

Вчера, пак, министерот за земјоделие Трипуновски, во својот говор, гордо ја изговори „Северна Македонија“. Каде се принципите за кои толку гласно се залагаа? Каде е непоколебливоста што ја ветуваа на македонскиот народ?

Од едно големо „никогаш Северна“ до состојба во која нивните министри и официјални лица без двоумење ја користат „забранетата“ придавка – дали ова е промена на став или откривање на вистинското лице на партијата? Очигледно е дека ДПНЕ полека, но сигурно си „легнува на брашното“, како што би рекле народски. Легнуваат на брашното послано од нивните, според нив, најголеми предавници на македонството – СДС, Заев и Димитров.

Прашањето кое се поставува е: до каде одат принципите на ДПНЕ?
Дали постоеја тие воопшто или беа само алатка за политичка манипулација?
Дали некој во оваа партија навистина се грижи за неправдите нанесени врз Македонците, или сето тоа беше само игра за добивање власт и фотелји?
Тому кога дојде моментот да се покаже вистинската лојалност кон народот и државата ДПНЕ не само што не застана на линијата која ја вети, туку и активно ја премина!

Македонскиот народ заслужува одговори. Заслужува политички партии кои ќе стојат на зборот и ќе ги исполнуваат своите ветувања. ДПНЕ, со своите постапки, не само што ги разочара своите поддржувачи, туку и покажа дека принципите можат лесно да бидат изневерени кога на сцена е власта.

Зарем и оваа политичка партија ќе ја сметаме за сериозна алтернатива за управување со државата? Народот е измамен, а идеолошките ставови се продаваат по цена на политичко преживување.

Време е за будење, време е за нова политичка сила која навистина ќе ги почитува принципите и ќе го чува македонското достоинство.

Автор на текстот Роберт Милески

13/09/2024
13/09/2024

Авионите ТК1358 на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Мадрид до Истанбул и „Санекспрес“ кој од турскиот крајбрежен аеродром Даламан летал за Лондон-Гетвик за малку ќе ....

11/12/2023

11/12/2023

...

11/12/2023

„Бидејќи Љупчо Палевски-Палчо никој не го познава во Македонија, изгледа останувам единствениот кој добро го знае, a и како да...

11/12/2023

#...

10/12/2023

09/12/2023

РЕМЕК-ДЕЛО на Сашо Тасевски, подобар и од Зоран Кесиќ! Мора да се гледа!
09/12/2023

РЕМЕК-ДЕЛО на Сашо Тасевски, подобар и од Зоран Кесиќ! Мора да се гледа!

08/12/2023

08/12/2023

Address

Ilindenska Bb
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Dnevni Novosti posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Videos

Share

Дневни новости, вашиот пријател секој ден...

Секој ден е убав ако почне со убави вести, ако прочитате временска прогноза, ако се насмеете на некоја утринска шега, ако видите што се случило вчера, и што ќе се случува денес, ако како секој во светот денот го започнете со информација, па ручекот го зачините со тоа каде и што ќе ручате, а вечерата ви биде на дланка, тука ќе дознаете што има во вашиот град. Дневни новости е Вашиот пријател секој ден, 24 часа, Дневни новости секогаш ќе ви даде можност да ја одберете веста, да ги прочитате двете страни на приказната, и да ја пронајдете вистината на средина. Ние информираме, ние ви ги отвораме очите, ние ве забавуваме, ние ве оставаме свои...

Ние пишуваме, вие мислите...