09/01/2024
Нешто од заборавената историја на Македонија
Димитар Пинџур татко на народниот херој Страшо Пинџур
Димитар Пинџур
Димитар Пинџур (1884 – 15.09.1915)е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Тој активно учествувал во Балканските војни (1912 - 1913) и е еден од главните организатори на Тиквешкото востание 15 – 26 јуни 1913 година. Негов син е Страшо Пинџур, македонски партизан и харој од Втората светска војна.
Димитар (Диме) Арсов Пинџуров е роден во 1884 година во тиквешкото село Ваташа. Основно образование и двокласна нижа гимназија зацршил во Кавадарци, а потоа го продолжил образованието во Солунската машка гимназија. По завршувањето на школувањето се вратил во Ваташа и извесен период работел како учител во селото Рожден.
Диме Пинџур се приклучува на Македоската револуционерна оирганизација и работел како учител се до моментот додека турските власти не ја откриле неговата активност, Во пролетта 1905 година се приклучил на одредот на војводата Добри Даскалов и на 13 јуни 1905 година учествувал во битката со турскиот аскер во кавадаречкото село Ресава. Поради неговата револуционерна активност турските власти ја уапсиле и убиле неговата сестра.
Во 1906 година Диме преминал во четата на војводата Апостол Петков, а нешто подоцна во четата на Аргир Манасиев, каде ја вршел должноста на секретар на чета.
По Младотурската револуција во 1908 година, Диме Пинџур се преселил во Гевгелија и станал еден од водачите на Народната федерална партија. Тој се борел против грчката пропаганда на овие простори.
Во 1911 година Диме Пинџур се вратил во родната Тиквешија. Се оженил истата година, но откако започнале репресиите на Младотурците, се приклучил на одредот на војводата Христо Чернопеев. Потоа активно учествувал во Балканските војни (1912 - 1913) во единиците на Македоноскоодринската револуционерна организација (МОРО), основани од страна на Јане Сандански.
Диме Пинџур е еден од главните организатори на Тиквешкото востание (15 – 26 јуни 1913 година) и член на Главниот штаб на востаниците. Неговата мајка Наца Арсова Пинџурова, која исто така беше долгогодишна активистка на Македонската револуцинерна организација, учествувала во востанието и била брутално мачена од Србите.
По задушувањето на востанието, тој со своето семејство се преселил во Струмица, кој и бил предаден на Бугарија, и работел како учител. Во март 1915 година се роди неговиот син во Струмица, а неговиот кум Чернопеев му го даде името Страхил.
Димитар Пинџуров учествувал во Првата светска војна како подофицер на првиот македонски полк во Бугарската армија и починал во битката кај Криволашки 15.09.1915 година. Македонскиот народ му испеал песна.
Неговиот син Страхил (Страшо) Пинџур, подоцна за време на Втората светска војна ќе биде член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и ќе се бори против бугарската окупација и ќе почине во затвор по ѕверските мачења од страна бугарските окупаторски власти.