Три лица со капуљачи на главите ноќеска ја обиле влезната врата на кафулето „Барон“ во Чаир и го запалиле објектот.
„Фокус“ објавува снимка на која се гледа како три лица со тврди предмети ја обиваат влезната врата на кафулето, а потоа го подметнуваат пожарот.
Повредениот Леонид Индов вчера со прв меѓународен хеликоптерски транспорт организиран од МВР беше пренесен во Виена на лекување. Тој има тешки повреди на рбетот добиени минатото лето во Грција. По враќањето од болница во Солун, Леонид Индов беше згрижен во приватната болница Жан Митрев.
Неговите најблиски се обидуваат преку хуманитарни акции да соберат доволно средства за поефикасно лекување на тинејџерот.
За транспортот од клиниката беше ангажиран персонал од Градската Болница „8-ми септември“ кои претходно ги извршија неопходните медицински подготовки за летот кон Австрија.
Демонстрантите фрлаа јајца и кон Основното јавно обвинителство на протестот за скандалот на Онкологија, кој се откри по пишувањата на Фокус.
Изјава на холандската министерка за одбрана
„Фокус“ од Брисел
Холандската министерка за одбрана, Кајса Олонгрен одговара дали НАТО ја изневери Украина со споро испраќање на помош и одолговлекување на одлуките.
Изјава од Столтенберг
„Фокус“ од Брисел
Изјава на Столтенберг пред почетокот на министерскиот состанок на НАТО: Не гледаме знаци дека претседателот Путин се подготвува за мир
Македонската химна за прв пат се интонираше во SHAPE - Главната воена команда на НАТО, каде денеска во прва посета е претседателот Стево Пендаровски.
Фокус од Монс, Белгија