11/12/2025
Длабоко ја осудуваме вчерашната агресија и нападот врз редакцијата на „Инфомакс“, извршен за време на нивната емисија во живо. Овој чин претставува директен напад врз слободата на медиумите, професионалната независност и правото на јавноста да биде информирана.
Ниту еден новинар, уредник или медиумски работник не смее да биде изложен на закани, физички напад или притисок поради својата работа. Секое насилство врз медиумите е закана за демократијата и за основните човекови слободи.
Им ја изразуваме нашата целосна поддршка на колегите од „Инфомакс“ и ја поздравуваме нивната храброст да продолжат со работа дури и во моменти на директна закана. Очекуваме надлежните институции веднаш да преземат ефикасни мерки, да го истражат случајот до крај и да обезбедат заштита и одговорност за сторителите.
Го повикуваме целото новинарско и граѓанско општество солидарно да застане против ваквите инциденти. Напад врз еден новинар е напад врз сите нас.
#Инфомакс