05/12/2024
АПЕЛ ДО СИТЕ СЛЕДБЕНИЦИ !
Драги следбеници на фан страната на Радио KISS FM,
Со голема почит и благодарност за вашата досегашна поддршка, администрација на Радио KISS FM се обраќа до вас со еден повик, молба и искрена критика. 😕
Знаете и самите на оваа социјална мрежа што ја нарекуваме ние “Океан од содржини што ги споделувате и лајкувате” – трач вести, фотографии и други постови кои не се толку важни некому – често се губи она што е навистина важно.
Ако добро се сеќавате од далечната 1999 година, со голема љубов и посветеност, вложуваме финансиски средства и напори за сите вас, наши верни следбеници.
Во изминатите години доделивме бројни вредни награди – телевизори, карти за концерти низ целиот Балкан, блузони, маички и други значајни подароци.
За оваа цел имавме издвоено повеќе од 1.000.000 денари, покажувајќи колку ја цениме вашата лојалност и поддршка.
Сепак, минатата новогодишна акција, која имаше за цел да усреќи деца преку доделување новогодишни пакетчиња, како и обезбедување топла облека и обувки за оние на кои им е најпотребна, за жал, не го доби одзивот од ваша страна што го очекувавме и посакувавме.
Без вашата поддршка не успеавме да ја оствариме оваа благородна мисија, иако вложивме срце и душа.
Овој пат, искрено се надеваме дека ќе бидеме заедно појаки.
Да го насочиме вниманието кон она што има вистинско значење – детската насмевка, радоста и топлината на оние на кои им е најпотребна.
Новогодишните подароци нека бидат наш заеднички симбол на надеж и љубов.
Слоганот овој пат нека биде „Заедно можеме повеќе!“ – поттик за сите вас да го промените животот некому.
Вашето мало дело може да направи голема разлика.
Споделете ја оваа порака на вашиот профил, приклучете се кон нашите акции и покажете дека заедно можеме да направиме нешто навистина големо и посебно оваа Нова година за оние, кој им е најтежок секој нов ден а посебно за празниците кои следуваат!
Се грижиме и сакаме да им помагаме на оние, на коишто тоа им е најпотребно, заедно со нашите вработени, како компанија започнавме многубројни хуманитарни настани, некои од нив и непознати за пошироката јавност.
Овие активности, ни овозможуваат да им донесеме радост на најранливите и среќа на најмалите.
Ние се грижиме за младите, за нашата животна средина и за благосостојбата на сите.
Повеќе информации кликнете на линкот подолу 👇
Поздрави го тато и моите братчиња и сестричиња.Навистина не ви се лутам мамо. Само би сакала да знам дека сте среќни. Ве гушкам..Прочитај ме не ме игнорирај...