26/09/2025
Во изминатата концертна сезона имавме можност да проследиме исклучителни концерти со нашиот Национален џез оркестар / National Jazz Orchestra, сите на највисоко интерпретаторско ниво иако со различит програмски репертоар, почнувајѓи од свинг преку латин џез, бибап па се до посовремени авантагардни аранжмани. За почеток на новата концертна сезона 2025/26 имаме најава за несекојдневно доживување, и во светски рамки е поредок спојот на гитарска виртуозност со голем оркестар. Виртуозот е американскиот џез гитарист, композитор и бенд лидер Kurt Rosenwinkel! Заедничкот настап ни носи и специјално напишани аранжмани за оваа пригода.
Настан што љубителите на џезот не смеат да го пропуштат!
🗓️ 1 октомври, 2025 • 20:00
📍 Национална опера и балет
🎫 Билети: https://mktickets.mk/event/kurt-rosenwinkel/
Диригент: Владимир Николов
@следачи