Издавачката куќа „Арс Ламина“ бележи успешна година, со објавени 190 нови наслови (од домашни и странски автори), од кои: 50 книги за возрасни, 70 публикации за деца и 70 образовни изданија и списанија. Со ова ја продолжуваме нашата мисија да ја збогатиме книжевната понуда со квалитетна литература за сите генерации.
Оваа година организиравме над 90 настани: промоции на книги, работилници за деца, средби со автори, учества на саеми, посета на училишта и слично. Направивме над 30 креативни работилници инспирирани од книгите на „Арс Ламина, кои ги посетија повеќе од 1.300 деца.
Во текот на годината, добивме 9 награди од кои 8 од Македонското здружение на издавачи (МАИ), вклучувајќи награда за најдобра книга за деца и за најкреативно издание. Исто така, поемата „Коњски житија“ од Зоран Анчевски ја доби наградата „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдоба поетска книга. Овие награди ни покажуваат дека нашата работа е препознаена и ценета.
Оваа година реализиравме 20 донации, на кои подаривме над 2000 книги на ранливите категории. Меѓу нив беше и донацијата на библиотеката
Shelf Help – Нова едиција со книги за самопомош во издание на „Арс Ламина“
„Арс Ламина“ со задоволство ја претставува новата едиција Shelf Help – со куси и практични водичи за самопомош, кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот живот.
Едицијата ги опфаќа најважните теми што го засегаат современиот човек. Книгите се поделени во неколку поткатегории со цел да им понудат на читателите фокусирани и ефективни решенија за секојдневните предизвици: животен стил, ментално здравје, бизнис и лидерство, личен развој, врски, здравје, семејство и родителство, како и филозофија.
Shelf Help вклучува повеќе интернационални наслови, од кои трите први книги веќе се излезени од печат. Станува збор за:
Светскиот бестселер „Фенг-шуи во вашиот живот“ од Мари Дајмонд – кој е водич во тоа како да го искористите домот за привлекување на животот од вашите соништа.
„Кон повисоко ниво“ од Роб Дајл – што открива како да се фокусирате, да престанете со одложување и да го подобрите вашиот живот.
Водичот со вежби и активности - „Црвена линија“ од Џулијан Тејлор Шор – кој открива како да поставите граници за да ја с
„Што се случи со Исидора?“
НОВО!!! 🕸️🏰
Од авторката на популарните романи „Скоро парижанка“, „Анаис од Монмартр“ и „Лулу“, Јана Мишо, ни доаѓа прв готски трилер „Што се случи со Исидора?“
По смртта на екстравагантната авторка Ноемија Нера, нејзините отуѓени ќерки се враќаат во готската опатија, каде што пораснале, поради отворање на тестаментот. Шокирани од содржината на документот, на Долорес и на Исидора не им преостанува ништо друго, освен да се погрижат за наследството, но престојот во морничавата опатија, опкружена со шума и гробишта, за Исидора се претвора во кошмар. Почнува да гледа лица кои не треба да се таму и луѓе кои никој друг не се сеќава дека ги видел. Откако ќе забележи девојка која би требало да е мртва веќе шеснаесет години, Исидора почнува да пропаѓа во лавиринт од лудило и очај. Од секој мрачен ходник демнат спомени на негрижа, духови од декадентни забави и соништа со давење.
Кога веќе не можеш да си веруваш на сеќавањата, како можеш да се спасиш од тотален мрак?
Не пропуштајте ја оваа возбудлива приказна, обвиткана во мистерија и напнатост! 📖
Книгата, која е во издание на „Арс Либри
Среќен роденден Дарко Панчев
Среќен роденден на легендарната 9-ка, најголемата македонска и југословенска фудбалска ѕвезда, Дарко Панчев. Кобрата денес прославува 59. роденден и токму денес ја најавуваме долгоочекуваната биографија, чиј автор е доајенот на спортското новинарство Зоран Михајлов.
Книгата „Дарко Панчев: Авторизирана биографија“ ќе биде промовирана на 25 септември (среда), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.
❗✨🌞 Пристигна бестселерот „Само ова лето“!!!
Романсата „Само ова лето“ од една од најталентираните нови авторки Аби Хименез е инстант-бестселер број 1 на „Њујорк тајмс“, кој влезе и во изборот на клубот на читатели на „Добро утро Америка“. Магазинот „Ел“ објави дека „оваа духовита, ром-ком книга е идеално четиво за на плажа“. Дека е книга што ќе се чита ова, но и уште многу други лета, зборуваат и позитивните коментари на критичарите и читателите.
„Само ова лето“ е приказна за една летна романса, комплицирано семејство и неочекувани чувства. Џастин го следи проклетство, а благодарение на објава на „Редит“ станува вирален на интернет. Секоја девојка со која е во врска, истата секунда откако ќе раскинат, ја наоѓа својата сродна душа. Кога една жена ќе му прати порака, а го има истиот проблем, тие смислуваат план: ќе бидат во врска и ќе раскинат. На тој начин заемно ќе се ослободат од проклетството и секој од нив ќе ја пронајде љубовта на својот живот. Идејата е луда… но можеби ќе успее.
Ема не планира дека нејзиното следно задолжение како патувачка медицинска сестра ќе биде во
Најслушаната реченица овој распуст е: Досадно ми е!
И што да правиме со тоа?
Дознајте во сликовницата „Здраво, јас сум досада“ - достапна во поголемите книжарници!
Како да ги интегрирате најважните сили во вашата секојдневна рутина - така што секој ден да го завршувате чувствувајќи се исполнети наместо исцрпени?
Прочитајте во „Продуктивни и среќни“ - достапна во поголемите книжарници
Цртавме, ги изработивме најубавите круни со ликовите од книгата, вежбавме и многу се забавувавме на интерактивната работилница во Dream Zone со авторот на книгата „Поклони се и почни“ Владимир Лукаш.
Лукаш на децата им ја претстави приказната преку читање, римување и цртање на ликовите од сликовницата и одлична анимација.
Се гледаме и на следната работилница.
Ова лето е за „Том Лејк”, најновото од „Арс Либрис”, дел од „Арс Ламина”.
Приказна за различни видови љубов: страсна љубов, сигурна љубов и за љубовта на мајката и нејзините ќерки.
Романот дебитираше на првото место на листата бестселери на фикцијата на „Њујорк тајмс“ и се најде во топ изборот на клубот на читатели на Рис Витерспун, а добива и позитивни рецензии од сите релевантни медиуми.
Пронајдете го во поголемите книжарници.
Денес се дружевме со Исидора Мун, цртавме, боевме и читавме, а на најхрабрите им ги цртавме лицата во боите на Исидора.
Заедно со сите фанови на Исидора, сите мали и големи самовили и волшебници и по некое вампирче, направивме креативна самовилска магија.
Се гледаме идната сабота со нова тема и нова работилница. ⭐️
Од авторката на бестселерите „Девет совршени туѓинци“, „Три желби“ и „Последната годишнина“, Лијан Моријарти, од печат излезе романот „Семејни тајни“. Овој интернационален бестселер на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Станува збор за возбудлив крими-трилер, по кој е снименa и новата телевизиска мини-серија „Јаболката никогаш не паѓаат“ (Apples Never Fall), со Анет Бенинг, Сем Нил, Џејк Лејси и Алисон Бри во главните улоги.
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници.
Доделување на наградите од 6 до 9 одделение на литературниот конкурс - Читањето е супермоќ