
30/12/2022
Речено, сторено! 🙏☺️
Денес, 30.12.2022, токму на прагот од новата година, во просториите на ,,Сумнал" -Скопје, на дечињата и вработените, им се доставија донациите кои им беа потребни.
Со ова, третиот хуманитарен проект со книга ТВОРИ-ЧИТАЈ-БИДИ ХУМАН го сметам за успешно завршен. 🙏☺️
Книгата која на овие дечиња им донесе радост носи наслов ,, Песочен часовник ".
Да се заблагодариме на Софија Петковска за целата донација: Да ја искрористиме можноста да се заблагодариме и ние:🙏🙏🙏
1. Огромна благодарност до сите 30 автори застапени во книгата, кои дадоа свој паричен придонес за книгата да може да излезе од печат, и огромно благодариме за нивното залагање околу промовирање на книгата;
2. Благодарност до братот на Софија - Никола Дио Петковски кој го изработи дизајнот на корицата ;
3. Голема благодарност до печатницата Ирис принт од Струга, за прекрасната соработка, учтивоста и хуманоста и за прекрасно испечатените книги;
4. Од срце им благодараме и на јавните и културни установи: Домот на култура ,,Наум Наумовски Борче" од Крушево, НУУБ ,,Гоце Делчев" од Штип, ООУ ,,Никола Карев" од Пробиштип, ЈОУ Дом на култура ,,25 Мај" од Валандово, Градска библиотека ,,Гоце Делчев" од Велес, ЈОУ Библиотека ,, Искра" од Кочани и НУУБ ,,Св. Климент Охридски" од Битола, за поддршката на овој хуманитарен проект и нивниот придонес во истиот со купувањето на книги;
5. Огромно благодарам и до сајтовите zenanazena.com и Рингераја.мк за интервјуата;
6. Од срце им благодариме на сите добри души кои купија книги и на тој начин помогнаа да се соберат паричните средства со кои се купија продуктите;
7. И за крај, огромна благодарност семејството на Софија Петковск.
,
За крај, би сакала само да апелираме до сите вас, драги читатели:
Бидете секогаш хумани. Отворете ги вашите срца и души за дарување помош, поддршка и љубов некому. Помагајте секаде и секому кога ќе имате можност за тоа, бидејќи тоа за вас малку, некому ќе значи многу. ☺️🙏💖
И секако, читајте поезија, ширете позитивни вибрации и љубов и следете ја страницата Поезија на Софија. 📚📖💖
Те сакаме Софија и големо благодарам за целата донација.