Eusair North Macedonia

ЕУСАИР опфаќа десет земји: четири земји-членки на ЕУ (Хрватска, Грција, Италија, Словенија) и шест земји кои не се членки на ЕУ (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Република Северна Македонија, Сан Марино, Србија).

ЕУСАИР е една од четирите макро-регионални стратегии, која е воспоставена во 2014 год., додека членството на Северна Македонија во Стратегијата започнува во 2020 год.

Општата ц

ел на ЕУСАИР е да го промовира економскиот и социјалниот напредок и раст во Јадранско-јонскиот регион преку подобрување на неговата атрактивност, конкурентност и поврзаност. Земјите имаат за цел да создадат синергии и да ја поттикнат координацијата меѓу сите региони во Јадранско-јонската област во четирите тематски области/столбови на дејствување:
- Син раст,
- Поврзување на регионот,
- Квалитет на животна средина и
- Одржлив туризам.
Со оглед на нејзината структура, Стратегијата исто така придонесува и за понатамошна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

МИСИЈАТА НА ЕУСАИР:
Поврзување на луѓето и институциите за да се изгради заедничко разбирање за соработка за хармонизиран, интегриран и одржлив регион.

ВИЗИЈАТА НА ЕУСАИР:
Заеднички решенија на повеќе нивоа за заеднички предизвици кон посилен јадрански јонски регион.

Почитувани,Министерството за европски прашања има чест да ја најави Завршната конференција на проектот „Поддршка од ЕУ з...
18/11/2024

Почитувани,

Министерството за европски прашања има чест да ја најави Завршната конференција на проектот „Поддршка од ЕУ за спроведување на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-Јонскиот регион (EUSAIR) во Северна Македонија“, која ќе се одржи на 11 декември 2024 година во Скопје, од 9:00 до 14:30 часот.

Тема на конференцијата:
"ЗАЈАКНАТА ТЕРИТОРИЈАЛНА СОРАБОТКА КАКО ПАТЕКА КОН ОДРЖЛИВ РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ВО ЈАДРАНСКО-ЈОНСКИОТ МАКРО-РЕГИОН".

Целта на конференцијата е поблиско претставување на концептот на макро-регионална соработка, на предностите и придобивките од макро-регионалното организирање, и поконкретно на самата Стратегија на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион. Овој настан ќе ги прикаже клучните резултати и стратешките сознанија за одржливиот регионален развој преку територијална соработка во Јадранско-јонскиот регион, како и можностите кои овој регион ги нуди за идниот раст и соработка.

Вашето присуство можете да го потврдите тука: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe8V0XdfRTgNwpZZchfpnYVgQbNbk6kcHuH110MkPhGc-QIlQ/viewform

РЕГИСТРИРАЈ СЕ!

Конференцијата е наменета за сите чинители на централно и локално ниво, како претставници на единиците на локалната самоуправа, деловниот сектор, образовните и истражувачки институции, граѓанскиот сектор, компании и други јавни институции.

Aгендата и точната локација на настанот ќе бидат споделени со пријавените учесници.

Ве молиме да го означите датумот во вашиот календар.

Со нетрпение го очекуваме вашето учество и активен придонес!


#ЕУСАИР
Ministry for European Affairs
EU Strategy for the Adriatic - Ionian Region
FAIC - Forum of Adriatic and Ionian Cities
Forum AIC

Почитувани, Министерството за европски прашања има чест да ја најави Завршната конференција на проектот „Поддршка од ЕУ за спроведување на Стратегијата на ЕУ за Ј...

🌊 Столб 1 - Син раст на Европската стратегија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР).🎯 По однос на рибарството тоа се одн...
18/11/2024

🌊 Столб 1 - Син раст на Европската стратегија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР).

🎯 По однос на рибарството тоа се однесува на подобрување на мониторингот, надзорот, знаењето на знаењето за учесниците на риболовот, хармонизација на стандардите, еко иновации и диверзификација на активностите.


#ЕУСАИР
Ministry for European Affairs
EU Strategy for the Adriatic - Ionian Region
FAIC - Forum of Adriatic and Ionian Cities
Forum AIC

Министерството за европски прашања, во соработка со Министерството за култура и туризам ја одржа третата работилница на ...
15/11/2024

Министерството за европски прашања, во соработка со Министерството за култура и туризам ја одржа третата работилница на тема „Преку културното наследство до развој на туризмот ".

Работилницата се организираше како дел од активностите од проектот „Поддршка на ЕУ за имплементација на Стратегијата на ЕУ за Јадранскиот и Јонскиот регион (ЕУСАИР) во Северна Македонија“, со фокус на столб 4 - одржлив туризам.

Работилницата ја отвори Зуица Змејковска, национален координатор на ЕУСАИР од Министерство за европски прашања и Димче Маџоски, државен секретар од Министерството за култура и туризам.

Во првата сесија панелистите дискутираа на темата "Развојни концепти и дигитализација". Прв се обрати Афед Јашари, државен советник за нематеријално и материјално културно наследство од Министерство за култура и туризам кој сподели информации за акцискиот план на ЕУСАИР за столб 4 – Одржлив туризам. Следниот панелист беше Виктор Јакимовски, извршен директор на НВО Пантеон платформа кој сподели информации на тема "Придобивките на Република Северна Македонија, во Столб 4 – Одржлив туризам". Третиот панелист беше Билјана Прентовска , раководител на одделението за креативна Европа за ЕУ – потпрограма Култура, која имаше презентација за креативна Европа на ЕУ со пример на добри практики. Оваа сесија е моделираше Беким Хаџиу, од Министерството за економија.

Во втората сесија панелистите дискутираа на тема "ЕУ примери". Прв се обрати проф. Др Сашо Коруновски, експерт за културно наследство од Факултет за Туризам од Охрид на тема "Културно наследство и туризам – развојни концепти". Втор панелист беше Димитар Николовски – кустос археолог од НУ за управување со археолошкиот локалитет Стоби и сподели информации на тема "Капацитетот на археолошкиот локалитет Стоби за дигитална презентација". Трет панелист беше Давча Спасова, советник за стручно – аналитички работи, Сектор за заштита на културно наследство. Со оваа панел сесија моделираше Афед Јашари, државен советник за нематеријално и материјално културно наследство од Министерство за култура и туризам.

На работилницата присуствуваа различни чинители, како претставници од министерствата, национални установи, единиците на локалната самоуправа, бизнис секторот, музеи, образовните и истражувачките центри, граѓанскиот сектор и меѓународните финансиски институции.

Присутните имаа можност да се запознаат со макро-регионалната стратегија и активностите кои се спроведуваат во рамки на стратегијата, но и со активностите кои се спроведуваат на национално ниво, со фокус на Столб 4 – Одржлив туризам.


#ЕУСАИР
Ministry for European Affairs
EU Strategy for the Adriatic - Ionian Region
FAIC - Forum of Adriatic and Ionian Cities
Forum AIC

🌍 ЕУСАИР Столб 3: Квалитет на животна средина - Да се обезбеди добар еколошки статус на морската и крајбрежната животна ...
11/11/2024

🌍 ЕУСАИР Столб 3: Квалитет на животна средина

- Да се обезбеди добар еколошки статус на морската и крајбрежната животна средина средина до 2020 година во согласност со релевантното законодавство на Европската Унија и екосистемскиот пристап на Конвенцијата од Барселона.
- Да се придонесе кон целта на Стратегијата на ЕУ за биолошка разновидност со цел да се запре губењето на биолошката разновидност и деградацијата на екосистемските услуги во ЕУ и да се обноват колку што е можно, преку справување со заканите за морскиот и копнениот биодиверзитет.
- Да се подобри управувањето со отпадот преку намалување на протокот на отпад во морињата и да се намали протокот на хранливи материи и други загадувачи во реките и морињата.


#ЕУСАИР
Ministry for European Affairs
EU Strategy for the Adriatic - Ionian Region
FAIC - Forum of Adriatic and Ionian Cities
Forum AIC

🌍 ЕУСАИР Столб 4: Одржлив туризам на Европската стратегија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР). 🎯 ЦелиДиверзификација ...
07/11/2024

🌍 ЕУСАИР Столб 4: Одржлив туризам на Европската стратегија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР).
🎯 Цели
Диверзификација на туристичка понуда на производи и услуги, преку справување со сезонската побарувачка на побарувачката за внатрешен езерски, речен, планински и алтернативен туризам, во согласност со релевантното законодавство на Европската Унија и екосистемскиот пристап на Конвенцијата од Барселона.

Преку идентификување на капацитетите на споменатите форми на туризам и нивното унапредување земјата ќе изгради имиџ за препознатлива туристичка дестинација. Базирано на културното и природното наследство и ќе биде препознатлива по производите и услугите кои се на ниво на најдобрите светски искуства.


#ЕУСАИР
Ministry for European Affairs
EU Strategy for the Adriatic - Ionian Region
FAIC - Forum of Adriatic and Ionian Cities
Forum AIC

Почитувани,Министерството за европски прашања, во соработка со Министерството за култура и туризам организира работилниц...
06/11/2024

Почитувани,

Министерството за европски прашања, во соработка со Министерството за култура и туризам организира работилница на тема „Преку културното наследство до развој на туризмот ".

Настанот е дел од активностите поддржани во рамки на проектот "Поддршка од ЕУ за спроведување на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион во Република Северна Македонија", финансиран од страна на Европската унија, чија главна цел е промоција на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион и членството на нашата земја во истата. Повеќе за Стратегијата можете да прочитате на следниот линк: https://www.adriatic-ionian.eu/about-eusair/

Работилницата ќе се одржи на 14.11.2024 год, (четврток) со почеток во 10:00 часот во Скопје.

Вашето присуство можете да го потврдите тука: РЕГИСТРИРАЈ СЕ https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeVsRqa04qIz_dXhedjeLLKDAQL9awhafqKxoJ3uN7NQweAFQ/viewform

Целта на работилницата е поблиско претставување на концептот на макро-регионална соработка, на предностите и придобивките од макро-регионалното организирање, и поконкретно на самата Стратегија на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион. Работилницата е наменета за сите чинители на централно и локално ниво, како претставници на единиците на локалната самоуправа, деловниот сектор, образовните и истражувачки институции, граѓанскиот сектор, компании и други јавни институции.
Работилницата ќе биде на македонски јазик, со симултан превод на англсики и албаснки јазик.

Со оглед на очекуваниот интерес за настанот и ограничениот број на места, учеството е ограничено на двајца претставници од организација.

Aгендата и точната локација на настанот ќе бидат споделени со пријавените учесници.

_________________________________________________________________________

Të nderuar,

Ministria për Çështje Evropiane, në bashkëpunim me Ministrinë e Kulturës dhe Turizmit, organizon një punëtori me temë:
“Përmes trashëgimisë kulturore deri te zhvillimi i turizmit.”
Ngjarja është pjesë e aktiviteteve të mbështetura në kuadër të projektit “Përkrahja e BE-së për zbatimin e Strategjisë së BE-së për Rajonin Adriatiko-Jonian në Republikën e Maqedonisë së Veriut,” financuar nga Bashkimi Evropian, qëllimi kryesor i të cilit është promovimi i Strategjisë së BE-së për Rajonin Adriatiko-Jonian dhe anëtarësimi i vendit tonë në të.

Rreth Strategjisë më shumë mund të lexoni në linkun e mëposhtëm:
https://www.adriatic-ionian.eu/about-eusair/

Punëtoria do të mbahet më 14.11.2024 (e enjte) duke filluar nga ora 10:00 në Shkup.

Pjesëmarrjen tuaj mund ta konfirmoni këtu: REGJISTROHUNI KËTU! https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeVsRqa04qIz_dXhedjeLLKDAQL9awhafqKxoJ3uN7NQweAFQ/viewform

Qëllimi i punëtorisë është prezantim më i afërt i konceptit të bashkëpunimit makro-rajonal, i avantazheve dhe përfitimeve të organizimit makro-rajonal, dhe më konkretisht Strategjisë së BE-së për rajonin Adriatiko-Jonian. Punëtoria është e synuar për të gjitha palët e interesuara në nivel qendror dhe lokal, si përfaqësuesit e njësive të vetëqeverisjes lokale, sektori i biznesit, institucionet arsimore dhe kërkimore, sektori civil, kompanitë dhe institucionet e tjera publike.
Punëtoria do të jetë në gjuhën maqedonase, me përkthim simultan në anglisht dhe shqip.

Duke marrë parasysh interesin e pritur për ngjarjen dhe numrin e kufizuar të vendeve, pjesëmarrja është e kufizuar në dy përfaqësues nga një organizatë.

Agjenda dhe vendndodhja e saktë e ngjarjes do të ndahen me pjesëmarrësit e regjistruar.

Почитувани, Министерството за европски прашања, во соработка со Министерството за култура и туризам организира работилница на тема „Преку културното наследство ....

🌊 Столб 1 - Син Раст на Европската стратегија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР). Овој столб како еден од четирите на...
04/11/2024

🌊 Столб 1 - Син Раст на Европската стратегија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР).

Овој столб како еден од четирите на ЕУСАИР има за цел да:
1. Промовира истражување, иновации и бизнис можности во секторите на сината економија – односно да се олесни размената на мислења помеѓу истражувачките и деловните заедници; да се зголеми капацитетот за вмрежување и кластерирање;
2. Се приспособи одржливото производство и потрошувачка на морската храна; - со воспоставување на заеднички стандарди и пристапи за зајакнување на овие два сектори обезбедувајќи еднакви услови за сите во макро-регионот;
3. Подобрување на управувањето со морските басени – преку зајакнување на административните и институционалните капацитети во областа на поморското управување и услуги.


#ЕУСАИР
Ministry for European Affairs
EU Strategy for the Adriatic - Ionian Region
FAIC - Forum of Adriatic and Ionian Cities
Forum AIC

🌊 Столб 1 - Син раст на Европската стратегија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР) Предводник 2 е поврзан со рибарствот...
29/10/2024

🌊 Столб 1 - Син раст на Европската стратегија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР)

Предводник 2 е поврзан со рибарството и аквакултурата. Секторите рибарство и аквакултура во новиот програмски период 2021-2027, треба да се справат со макрторегионалниот предизвик за подобра соработка низ басенот Јадранско-јонско море


#ЕУСАИР
Ministry for European Affairs
EU Strategy for the Adriatic - Ionian Region
FAIC - Forum of Adriatic and Ionian Cities
Forum AIC

🌍 СТОЛБ 3: КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА🎯 ЦелиДа се подобри управувањето со отпадот преку намалување на протокот на отпа...
28/10/2024

🌍 СТОЛБ 3: КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
🎯 Цели
Да се подобри управувањето со отпадот преку намалување на протокот на отпад во морињата и да се намали протокот на хранливи материи и други загадувачи во реките и морињата.


#ЕУСАИР
Ministry for European Affairs
EU Strategy for the Adriatic - Ionian Region
FAIC - Forum of Adriatic and Ionian Cities
Forum AIC

🏖 СТОЛБ 4: ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ🎯 Одржливост и одговорно управување на туризмот преку подобрување на квалитет и иновативноста ...
21/10/2024

🏖 СТОЛБ 4: ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ
🎯 Одржливост и одговорно управување на туризмот преку подобрување на квалитет и иновативноста на туристичката понуда и зајакнување на одржливите и одговорни туристички капацитети на актерите во туристичкиот сектор во Јадранско-јонскиот регион.


#ЕУСАИР
Ministry for European Affairs
EU Strategy for the Adriatic - Ionian Region
FAIC - Forum of Adriatic and Ionian Cities
Forum AIC

🌊 Столб 1 - Син раст на Европската стратегија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР).Предводникот 3 е поврзан со морско и...
14/10/2024

🌊 Столб 1 - Син раст на Европската стратегија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР).

Предводникот 3 е поврзан со морско и поморско управување. Се однесува за обука и ефикасна координација на активностите за планирање, потребни за подобро управување и услуги со морски и поморски води.

Преку развој на заеднички систем на податоци, заедничко планирање и координирано управување со постоечките ресурси, опремување на луѓето со нови вештини за подобрување на управувањето со поморскиот простор, подобро зајакнување со мрежата за поморски сектори во макро регионот.


#ЕУСАИР
Ministry for European Affairs
EU Strategy for the Adriatic - Ionian Region
FAIC - Forum of Adriatic and Ionian Cities
Forum AIC

Покана за тендер за организирање на завршна конференција на проектот „Поддршка на ЕУ за имплементација на ЕУ стратегијат...
08/10/2024

Покана за тендер за организирање на завршна конференција на проектот „Поддршка на ЕУ за имплементација на ЕУ стратегијата за Јадранско јонскиот регион во Р.С. Македонија“

🗓️ вторник, 08 октомври 2024 🕒12:45

Министерството за европски прашања објавува тендер за организирање на завршна конференција на проектот „Поддршка на ЕУ за имплементација на ЕУ стратегијата за Јадранско јонскиот регион во Република Северна Македонија“.

Поканата за тендерот и сите детални документи неопходни за аплицирање се во прилог.

Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EU Strategy for the Adriatic and Ionian Region - EUSAIR) е макро-регионална стратегија воспоставена во 2014 година. Таа е една од четирите макро-регионални стратегии на ЕУ. Општата цел на EUSAIR е да го промовира економскиот и социјалниот напредок и раст во Јадранско-јонскиот регион преку подобрување на неговата атрактивност, конкурентност и поврзаност. Со оглед на нејзината структура, Стратегијата исто така придонесува и за понатамошна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

Макро-регионалната соработка како таква, е пример за управување на повеќе нивоа и истата се карактеризира со активно вклучување на бројни чинители. Ова подразбира вклученост не само на чинители од централната власт, но и на претставници на локалната власт, граѓанскиот сектор, академската и бизнис заедницата. Важно е да се спомене дека макро-регионалното организирање е понова форма на соработка во рамки на Европската унија, а особено ново за нашата земја.

Министерството за европски прашања објавува тендер за организирање на завршна конференција на проектот „Поддршка на ЕУ за имплементација на ЕУ стратегијата за Ј...

🛤 СТОЛБ 2: ПОВРЗУВАЊЕ НА РЕГИОНОТ на Европската стратегија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР).Макрорегионот се соочув...
07/10/2024

🛤 СТОЛБ 2: ПОВРЗУВАЊЕ НА РЕГИОНОТ на Европската стратегија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР).

Макрорегионот се соочува со несразмерна транспортна инфраструктура, посебно видлива меѓу постарите ЕУ членки и другите земји. Подобрата транспортна поврзаност е од суштинско значење за регионот и предуслог за негов економски и социјален напредок.


#ЕУСАИР
Ministry for European Affairs
EU Strategy for the Adriatic - Ionian Region
FAIC - Forum of Adriatic and Ionian Cities
Forum AIC

🌊 Столб 1 - Син раст на Европската стратегија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР).Учеството на нашата земја е најтесно...
02/10/2024

🌊 Столб 1 - Син раст на Европската стратегија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР).

Учеството на нашата земја е најтесно поврзано со активностите на овој дел, каде преку посилна транснационална соработка на четирикратните актери на спиралата: наука, креаторите на политиките и институциите, бизнисот и граѓанското општество може да се допринесе за развој и унапредување на областите.


#ЕУСАИР
Ministry for European Affairs
EU Strategy for the Adriatic - Ionian Region
FAIC - Forum of Adriatic and Ionian Cities
Forum AIC

На 27.09.2024 година, Министерството за европски прашања, во соработка со Министерството за животна средина и просторно ...
01/10/2024

На 27.09.2024 година, Министерството за европски прашања, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја одржаа втората работилница на тема „Влијанието на синиот раст "Blue Growth" врз животната средина.

Работилницата се организираше како дел од активностите од проектот „Поддршка на ЕУ за имплементација на Стратегијата на ЕУ за Јадранскиот и Јонскиот регион (ЕУСАИР) во Северна Македонија“, со фокус на Столб 1 „Син раст“ и Столб 3 „Квалитет на животната средина“.

Работилницата ја отвори д-р Фљакрон Беџети, заменик Министер за земјоделство, шумарство и водостопантство на Република Северна Македонија.

Во првата сесија панелистите дискутираа на темата „Сини технологии, рибарство и аквакултура". Прва се обрати Марија Шишовска, која работи како тематски експерт за енергетика при ЕУСАИР, и сподели информации за значењето на ЕУСАИР, структурата на ЕУСАИР, придонесот кој го даде Северна Македонија при ревизијата на Акцискиот план на ЕУСАИР и опфатот на Столб 1 и Столб 3 при ЕУСАИР.

Следна говорничка беше Душица Илиќ-Боева, Одделение за салмонидна фауна, практично рибарство и аквакултура при ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид, која говореше на тема "Отстранување на изгубени, заборавени и на друг начин оставени
рибарски мрежи - „МРЕЖИ ДУХОВИ“ од Охридското Езеро“. Ирина Маневска, од УКИМ Институт за сточарство и рибарство-Скопје сподели информации на тема „Примена на пробиотик во храната за крап во интензивен кафезен систем“.

Во втората панел сесија панелистите дискутираа на темата "Состојбата со Охридското езеро и неговото порибување". Прв се обрати проф. Златко Левков, од ПМФ- институт за биологија кој зборуваше на тема „Зошто Охридското Езеро е уникатно“, како втора панелистка беше м-р Ирина Маневска, од УКИМ Институт за сточарство и рибарство-Скопје, која сподели информации на тема "Вештачки мрест и порибување со охридската пастрмка" и како последна панелистка беше Душица Илиќ-Боева, Одделение за салмонидна фауна, практично рибарство и аквакултура при ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид која даде ретроспектива на на процесот на вештачки мрест на ендемичната охридска пастрмка и порибување на охридското езеросо нејзин одгледан подмладок.

Модератори на овие два панели беа Виолета Михајлоска, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Љупка Д. Зајков, Министерството за животна средина и просторно планирање

На работилницата присуствуваа различни чинители, како претставници на единиците на локалната самоуправа, бизнис секторот, енергетските компании, образовните и истражувачките центри, граѓанскиот сектор и меѓународните финансиски институции.

Присутните имаа можност да се запознаат со макро-регионалната стратегија и активностите кои се спроведуваат во рамки на стратегијата, но и со активностите кои се спроведуваат на национално ниво, со фокус на Столб 1 „Син раст“ и Столб 3 „Квалитет на животната средина“.


#ЕУСАИР
Ministry for European Affairs
EU Strategy for the Adriatic - Ionian Region
FAIC - Forum of Adriatic and Ionian Cities
Forum AIC

Општата цел на ЕУСАИР е да го промовира економскиот и социјалниот напредок и раст во Јадранско-јонскиот регион преку под...
30/09/2024

Општата цел на ЕУСАИР е да го промовира економскиот и социјалниот напредок и раст во Јадранско-јонскиот регион преку подобрување на неговата атрактивност, конкурентност и поврзаност.


#ЕУСАИР
Ministry for European Affairs
EU Strategy for the Adriatic - Ionian Region
FAIC - Forum of Adriatic and Ionian Cities
Forum AIC

Почитувани,Министерството за европски прашања, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и...
25/09/2024

Почитувани,

Министерството за европски прашања, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство организира работилница на тема „Влијанието на синиот раст "Blue Growth" врз животната средина.

Настанот е дел од активностите поддржани во рамки на проектот "Поддршка на ЕУ за имплементација на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион во Република Северна Македонија", финансиран од страна на Европската унија, чија главна цел е промоција на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион и членството на нашата земја во истата. Повеќе за Стратегијата можете да прочитате на следниот линк: https://www.adriatic-ionian.eu/about-eusair/

Работилницата ќе се одржи на 27.09.2024 год, (петок) со почеток во 10:00 часот во Скопје.

Вашето присуство можете да го потврдите тука: https://bit.ly/3XW3Xdn

Целта на работилницата е поблиско претставување на концептот на макро-регионална соработка, на предностите и придобивките од макро-регионалното организирање, и поконкретно на самата Стратегија на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион. Работилницата е наменета за сите чинители на централно и локално ниво, како претставници на единиците на локалната самоуправа, деловниот сектор, образовните и истражувачки институции, граѓанскиот сектор, енергетските компании и други јавни институции.

Со оглед на очекуваниот интерес за настанот и ограничениот број на места, учеството е ограничено на двајца претставници од организација.

Aгендата и точната локација на настанот ќе бидат споделени со пријавените учесници.

РЕГИСТРИРАЈ СЕ https://bit.ly/3XW3Xdn


#ЕУСАИР
Ministry for European Affairs
EU Strategy for the Adriatic - Ionian Region
FAIC - Forum of Adriatic and Ionian Cities
Forum AIC

Почитувани, Министерството за европски прашања, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарст...

🌊 Столб 1 - Син раст на Европската стратегија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР).🎯 ЦелиДа се приспособи одржливото пр...
23/09/2024

🌊 Столб 1 - Син раст на Европската стратегија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР).
🎯 Цели

Да се приспособи одржливото производство и потрошувачка на морската храна; - со воспоставување на заеднички стандарди и пристапи за зајакнување на овие два сектори обезбедувајќи еднакви услови за сите во макро-регионот

Да промовира истражување, иновации и бизнис можности во секторите на сината економија – односно
☑ да се олесни размената на мислења помеѓу истражувачките и деловните заедници
☑ да се зголеми капацитетот за вмрежување и кластерирање

Подобрување на управувањето со морските басени – преку зајакнување на административните и институционалните капацитети во областа на поморското управување и услуги.


#ЕУСАИР
Ministry for European Affairs
EU Strategy for the Adriatic - Ionian Region
FAIC - Forum of Adriatic and Ionian Cities
Forum AIC

Address

Кеј Пресвета Богородица бр. 3, Скопје
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Eusair North Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Nearby media companies


Other Social Media Agencies in Skopje

Show All