08/06/2024
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 234, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (8-9.6.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
- интервју со Ана Стојаноска, уметнички директор на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп: Сите треба да го поттикнеме колективното добро
- второто издание на фестивалот „Стрип Трип“ на 8 и 9 јуни се одржува во МКЦ: Љубовта кон стрип-културата ги руши сите предизвици и препреки
- објавуваме ексклузивно интервју со Макс Бункер, автор на популарната стрип-серија „Алан Форд“, кое е презентирано во рамките на „Стрип Трип“
- Фестивалот на музиката на светот ОФФест почна со фуриозна африканска вечер, а се одржува од 6 до 9 јуни во Националната опера и балет и во МКЦ
- Институтот за македонска литература (ИМЛ) при УКИМ - Скопје, на 5 јуни на свечен собир ги чествуваше писателите и поети Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски
- новиот претседател на ДПМ, писателот Живко Грозданоски, истакнува неколку клучни зборови за работата на ДПМ: консолидација, изработка на нормативни акти, запознавања и размени
- во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп на 5 јуни премиерно беше изведена претставата „Бура“ од В. Шекспир во режија на гостинот од САД Џон Блондел
- Театарот за деца и младинци (ТДМ) – Скопје, на 6 јуни ја одржа премиерната изведба на претставата „Хајди“, работена според романот на Јохана Шпири, а во режија на Драгана Гунин со драматизација на Драгана Лукан Николоски
- завршната конференција на проектот „Регионална мрежа за културна разновидност“ (РЕАД) се одржа од 5 до 7 јуни во Скопје
- фестивалот за квир-култура, уметност и теорија „Викенд на гордоста – Скопје 2024“ од 5 до 16 јуни се одржува на четири локации низ Скопје под мотото „Останувајќи со нелагодноста“
- мултимедијалниот перформанс „Во моите чевли“ на авторката и изведувач Јована Зајкова на 14 јуни, во 20 часот, во „Лабораториум“ ќе биде изведен во проширена верзија
- од печат излезе книгата „Радио-диоптрии“ (политсоциолошка анализа и радиоразговори за состојбите во Македонија: 2022-2024) на Свето Стаменов и Цане Т. Мојаноски
- издавачот „Арс ламина“ објави серијал со седум сликовници од младата авторка Маја Мишевска, илустрирани од познатиот илустратор Тхе Мичо
- издавачката куќа „Артконект“ ја објави илустрираната книга „Капчо и китот“ од украинската писателка Катерина Бабкина
Благодарам на довербата и на читателската верност.