Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ

  • Home
  • Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ

Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

18/02/2025

🎥 Пресс конференција - Бојан Стојаноски

Со цел да го објасниме случувањето во однос на надзорната расправа која што треба да се одржи во Собранието, поврзана со аерозагадувањето. Сакам да кажам дека таква надзорна расправа во Собранието ќе се случи, но ќе се случи во организација со целосно почитување на одредбите од деловникот. Во текот на вчерашниот ден, имавме комисија за Деловнички и мандатно имунитетни прашања, која траеше повеќе часови, на која што многумина пратеници, особено од политичките партии, Левица и СДСМ, укажуваа на тоа дека треба да има надзорна расправа, дека таква мора да се случи. И таква ќе се случи во Собранието.

📎 Надзорна расправа за аерозагадувањето и ефектите врз здравјето на граѓаните ќе има.✅ Но со строго почитување на одредб...
18/02/2025

📎 Надзорна расправа за аерозагадувањето и ефектите врз здравјето на граѓаните ќе има.

✅ Но со строго почитување на одредбите од Деловникот на Собранието и со поддршка од 61 пратеник.

18/02/2025

🕚 11:15ч - 18.02 вторник
ℹ️ Пресс-конференција за медиуми ќе одржи пратеникот Бојан Стојаноски

🇲🇰 🇹🇷Средба помеѓу пратеничката Иванка Василевска и амбасадорот на Република Турција, Н.Е. г-дин Фатих Улусој.🤝 Тие разг...
17/02/2025

🇲🇰 🇹🇷Средба помеѓу пратеничката Иванка Василевска и амбасадорот на Република Турција, Н.Е. г-дин Фатих Улусој.

🤝 Тие разговараа за подобрувањето на образованието на турската етничка заедница во Македонија, за предизвиците на Европската сцена и за значењето на нашите билатерални односи.

14/02/2025

ВМРО-ДПМНЕ ЗБОРУВА 👇

🏛 Отворена пратеничката канцеларија во Пробиштип!На ова место сите граѓани ќе може да ги споделат своите предлози, идеи ...
14/02/2025

🏛 Отворена пратеничката канцеларија во Пробиштип!

На ова место сите граѓани ќе може да ги споделат своите предлози, идеи и предизвици, за заедно со нашата пратеничка Dragana Arsova да бараме решенија и да градиме подобра иднина!

📌Локација: ул. „Јаким Стојковски“ бр.1 - Пробиштип
Пратеничката канцеларијата се наоѓа веднаш до подрачната канцеларија на матичната служба.

14/02/2025
14/02/2025

🎥 Пресс конференција - Јане Мицевски

Една од клучните одредби на промената на Законот за поштенски услуги е намалување на примањата на членовите во Комисијата на Агенцијата за пошти, од две, на една просечна месечна плата, што преставува намалување на паушалот за цели 50%.

Оваа мерка е во согласност со нашите напори за домаќинско и праведно распределување на буџетските средства.

Оваа постапка на Собранието не е изолирана.
Таа е само дел од поширок процес, во кој исто така го намаливме бројот на државни функционери за над 60 функции, но и ги намаливме платите на избраните и именуваните функционери, се со цел да осигуриме дека државните средства се распределуваат поефикасно, а со тоа и да се зголемат платите на работниците во јавниот и приватниот сектор.

Чекор кон по еднакво и по праведно општество.

14/02/2025

🎥Пресс конференција за медиуми - Драгана Бојковска

Со измените на законот за банки, направивме исклучително важен чекор за зајакнување на нашиот финансиски систем како и унапредување на банкарските услуги.
Наш основен фокус за ова реформско решение беше подобра заштита, како и нови можности за граѓаните и малите претпријатија.
Со овој закон, ставаме посебен акцент на проширување на активностите на штедилниците, што ќе донесе низа предности за нашите граѓани и правни лица.

13/02/2025

🕚 11:00ч - 14.02 петок
ℹ️ Пресс-конференција за медиуми ќе одржат пратениците Драгана Бојковска и Јане Мицевски

⏳ Време е да се воведе ред во правосудниот систем!📎 Дел од интерпелациите за членовите на судскиот совет, поднесени од к...
07/02/2025

⏳ Време е да се воведе ред во правосудниот систем!

📎 Дел од интерпелациите за членовите на судскиот совет, поднесени од коалицијата „Твоја Македонија“ 👇

Интерпелации за членовите на судскиот совет👇"Судскиот совет е клучна институција за функционирањето на правната држава и...
07/02/2025

Интерпелации за членовите на судскиот совет👇

"Судскиот совет е клучна институција за функционирањето на правната држава и одржувањето на владеењето на правото во Македонија." - Порача координаторот на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата "Твоја Македонија", Никола Мицевски.

Тој додаде и дека, "секоја сенка на сомнеж во работата на неговите членови мора да биде темелно анализирана, а јавноста треба да биде уверена дека Советот работи чесно, професионално и во интерес на граѓаните."

06/02/2025

🕙 10:00ч - 07.02 петок
ℹ️ Пресс-конференција за медиуми ќе оддржи г. Никола Мицевски, Координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата "Твоја Македонија".

06/02/2025

Пратеникот Малиша Станковиќ со лекција за Сали Мурати околу нелегалните коцкарници

Пратеникот Сергеј Попов, денес ја предводеше делегацијата на собранието на Република Македонија, при оддавање почит на г...
04/02/2025

Пратеникот Сергеј Попов, денес ја предводеше делегацијата на собранието на Република Македонија, при оддавање почит на гробот на великанот Гоце Делчев, одбележувајќи ја неговата 153-годишнина од раѓањето.

Попов порача дека Гоце Делчев не е само симбол на македонската борба за слобода, туку и водилка за сите нас што се стремиме кон силна и достоинствена Македонија. Неговите идеали за слободна и независна татковина остануваат нашиот патоказ.

Во петок јавна расправа за поголема безбедност во сообраќајот. По барање на парламентарното мнозинство, беше закажана ра...
03/02/2025

Во петок јавна расправа за поголема безбедност во сообраќајот.

По барање на парламентарното мнозинство, беше закажана расправа за анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива, со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот.

Координаторот Никола Мицевски од собраниската говорница побара подобрување и прецизирање на законите. Тој порача дека приоритет е експертска дебата и издржано решение, а не политизација на темата.

Стојаноски: Согласно законот за реорганизација на државната управа ќе се намалат буџетските корисници, на тој начин овие...
30/01/2025

Стојаноски: Согласно законот за реорганизација на државната управа ќе се намалат буџетските корисници, на тој начин овие институции ќе се реорганизираат под надлежност на министерствата

На денешната седница во Собранието се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски кој ги демантираше сите тврдења на пратеничката Јована Тренчевска, и со документ ја прикажа стратегијата за реформа на јавната администрација за 2023/2030 година донесена неколку месеци пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт.

Пратеникот јасно посочи дека на страница 56 од Стратегијата за реформа на јавната администрација е опфатено и предвидено истото тоа коа денеска пратеничката Тренчевска го критикуваше во Собранието односно намалување на органите меѓу кои и инспекторатите да влезат во состав со министерството.

„Ајде да ви докажам уште една работа што е концептот за реорганизација на управата, да се направи министерски систем тоа е суштината на Европската Унија каде што министерството во тој систем ќе креира политика каде што на еден начин агенциите ќе спроведуваат и инспекторатот ќе прави инспекција на тие политики“, рече Стојаноски.

Пратеникот исто така нагласи дека управата за инспекциски надзор не го губи правниот субјективитет туку дека нивната одговорност ќе биде сведена под министерствата.

„Не ги губи правниот субјективитет туку нивната одговорност се сведува под министерството, тогаш како функционира управата за имотно правни работи под министерството за финансии? Дали до сега во вашето министерство кое што вие го водевте немате управни органи кои што соработуваат односно се под министерствата? Има“, објасни Стојаноски.

Пратеникот направи јасна разлика и ја нагласи суштината на законот.

„Што е суштината на нашиот закон. Согласно законот за реораганизација на државната управа треба да се намалат буџетските корисници од прва линија, на тој начин ние овие институции ги реорганизираме и ги носиме да бидат под надлежност на министерствата, не значи дека го губат правниот субјективитет тие продолжуваат да си работат со нашиов закон во соработка со министерството за финансии, сите оние отворени прашања од аспект на исплатување на платата ги решаваме, сите материјални обврски ги решаваме на начин на кој што со еден член на законот кој што сме го поднеле ги даваме само во согласност со министерствата односно даваме можност да продолжат да работата на начин на кој што министерството овој пат ќе може да ги завршува тие материјални обврски кои што потенцијално би се јавиле“, рече Стојаноски.

Стојаноски повторно се обрати до пратеничката Тренчевска и ја демантираше.

„Кога се прават тие планови се прави годишен 6 месечен и месечен вие тоа што го зборувате повторно излажавте се работи за месечен план за работа на секој инспектор кој што го носи директорот“, дециден е Стојаноски.

Address


Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ:

Videos

Shortcuts

  • Address
  • Telephone
  • Alerts
  • Contact The Business
  • Videos
  • Claim ownership or report listing
  • Want your business to be the top-listed Media Company?

Share